за ПРОЕКТОТ

АЛАРМ за нова тема ! Интелегенцијата секогаш има став!
Сочно. Одмерено..Стручно. Јасно и гласно.

„АЛАРМ“ е дебатна емисија во траење од 50 минути која обработува општествено ангажирани и lifestyle теми, со акцент на социјално-општествените теми, кои бараат итна реакција од надлежните државни органи, невладините организации и граѓаните.

Еден дел од темите кои се дел од емисијата, имаат акцент на родовите прашања и местото на жената во македонското општество, но има и теми кои не се директно поврзани со ова прашање, како на пример семејство, морал, етика, естетика, култура, уметност, стил, здравје…

Автор и водител на емисијата е Синоличка Трпкова, една од најголемите македонски актерски ѕвезди на поранешните југословенски простори. Секоја емисија се однесува на една тема, а темите се интересни и провокативни, со цел да го свртат вниманието на јавноста кон одредени состојби и проблеми во нашето општество и да иницираат нивно решавање. Во оваа емисија се обидуваме да отвориме теми, за кои досега не се дискутирало или пак недоволно се дискутирало во јавноста. За разлика од останатите емисии од овој тип, АЛАРМ не само што ги изнесува проблемите кои постојат во нашето општество, туку заедно со гостите во студиото се обидува да понуди суштинска анализа и модели за нивно решавање.

Темите се многуслојни и атрактивни, како на пример: Трето доба, Транзиција, Таксисти, Здрав живот, Матични клетки, Лица со хендикеп, Сообраќајот во Скопје, Загаденост на воздухот, Промени, Култура, Туризам, а во емисиите гостуваат проминентни личности како: амбасадорите на Холандија и Унгарија, актерите Катина Иванова и Петар Арсовски, режисерите Александар Русјаков и Александар Поповски, писателката Елизабета Шелева, адвокатката Јагнула Куновска, новинарите Јадранка Костова и Љупчо Поповски, стилистот Сретен Костиќ, докторот Васил Јовковски, Мирјана Најчевска и други.

Кон проектот