ИНТЕРЕВРОГЕНЕКС

Интер-Еврогенекс од Ново село, Струмичко, е модерна фармацевтска и диететска компанија, која произведува хербални лекови и диететски производи во Република Македонија. Ние произведуваме околу 20 сопствени производи, кои го носат знакот „Здравје од природата“ и се присутни на македонскиот и на странските пазари.

Производите се исклучиво од растително потекло, а потекнуваат од планините Беласица и Огражден, во чија близина се наоѓа и самата фабрика. Овие планини се сметаат за чиста еколошка средина.

Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите Европски и интернационални стандарди. Располагаме со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци кои се основа за доверба на партнерите кон нас.

Наша мисија е да ги обединиме современите научни сознанија во областа на хербалната медицина и традиционалната употреба на билките во третманот на болестите, со цел да добиеме производи кои ефикасно и без несакани дејства, ќе помагаат во лекување на болестите на современиот човек.

Наша визија е да формулираме и произведуваме хербални производи кои ќе ги задоволат најстрогите европски и светски барања во поглед а одговорност, квалитет во работењето преку квалитетен стручен кадар, тимска работа и следење на современите текови во работењето.

Вредностите кои ги цениме и унапредуваме се одговорност, чесност, стручност, колегијалност и чувство за припадност кон колективот и пошироката заедница.