за ПРОЕКТОТ

Тоа што спортскиот новинар и коментатор Зоран Михајлов го знае и памети го нема ни на Google!

Во 2017-та година во Лондон доби признание од Асоцијацијата на спортски новинари за посебни заслуги во атлетскиот спорт како коментатор и новинар на 10 Светски првенства во атлетика и на 15 Олимпијади!

Читај внимателно! 15 Олимпијади!

Зоран Михајлов и неговиот проект МАКЕДОНСКИ СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ се ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ.

Што се снимивме и емитувавме?

Светски првак во пливање на мирни води, маратонски светски првак во Капри, освојувач на европска златна копачка, репрезентативци на Македонија и Југославија, европски првак во бокс и олимписки првак, олимписки и европски првак во борење, кошаркарка и освојувач на сребрен медал на олимпијада, одбојкар освојувач на сребрен медал на европско првенство, ракометар со меѓународна кариера во Франција, Германија, Словенија и Грција, ракометарка надобар стрелец на светско првенство и европски клубски првак, кошаркар со сребрен медал на олимпијада и многу други признанија за македонските спортски легенди.

Огромен број на врвни спортисти со значајни резултати, поттик за многу млади луѓе активно да спортуваат.

На младите генерации им е неопходно да ги запознаат легендите.

Авторот и водител на емисијата, доајенот на македонското спортско новинарство г-дин Зоран Михајлов, сведок и хроничар на најзначајните моменти во македонската спортска историја ви ја остава оваа телевизиска енциклопедија.

Овој проект има трајна архивска и историска вредност, која со текот на годините ќе биде сè поголема како резултат на временската дистанца. 

Гости во досегашните епизоди се многу значајни јавни личности од светот на спортот:

Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, Методија Спасовски, Дарко Панчев, Аце Русевски, Реџеп Реџепи, Шабан Трстена, Стојна Вангеловска, Владимир Богоеовски, Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, Благоја Георгиевски-Буштур…

Досега, МАКЕДОНСКИ СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ има свои 178 снимени и емитувани изданија.

Кон проектот