за ПЕПЕРМИНТ

Горан  Трифуновски студент на ФДУ и водител на ТВ емисијата „Рок Док“ со басистот Мац и тапанарот Бозо го оформиле Пеперминт, снимајќи го нивниот прв сингл „Песна“ во домашното студио на Горан, кое понатаму се развило во професионално студио.

 

Од 2010 година басист во групата е Јане Тодороски.

 

Пеперминт почнале да прават свирки во ноќни клубови и барови низ Македонија, но бидејќи рок музиката не биле популарна во клубовите, се решиле да свират преработки на песни во боса нова стил од познати рокпанк и металбендови заедно со вокалистот Ана под името „Боса Пеперминт“.[1]

Вистински хит станал нивниот сингл „Девојката со точакот“ во комбинација со оригиналниот спот. Пеперминт имаат настапувано на многу настани и свирки, вклучувајќи и unplugged концерт на МТВ.

Пеперминт настапувале на „Скопје гори“ , „Д-фестивал„ , „М.А.Р.С фестивал“, „Виноскоп„ , „Пиволенд“ , „Златни денови Кратово„ , „Лето Крушево“ и други поголеми манифестации, имале настапи на „Мтв Адриа„ во Словенија, како и низ цела Република Македонија

Горан Трифуновски лидерот и основач на бендот Пеперминт компонирал песни за повеќе тв емисии, театарски претстави, реклами, краткометражни филмови

Во 2017 Горан Трифуновски заед јно со Никола Левандис а издаваат книгата со надреалистична содржина „Мрднати раскази

Горан Трифуновски како актер бил дел од Драмскиот Театар во Скопје ,и играл во повеке играни филмови.

За проектот БУШАВИ ГЛАВИ на НАША ТВ создадоа тематска музика и насловната песна БУШАВИ ГЛАВИ за кои се изработени два видео записи, тематските песни МЛЕКО и МИСЛИ за УТРЕ. За проектот се изработени и музички парчиња за 30 – тина тематски џинглови. Препознатливоста на проектот БУШАВИ ГЛАВИ , преку автентичниот звук на ПЕПЕРМИНТ го прават овој спој совршен.

БУ- БУ- БУ- БУШАВИ ГЛАВИ

Имаме коса немаме чешел, ние сме БУШАВИ ГЛАВИ ,

Имаме план овде да започне цел свет од почеток,

Никаде нема ваква екипа – БУШАВИ ГЛАВИ,

Само ти ни фалиш и сите до еден да бидеме најдобри, најумни…

 

Може ќе научиш нешто, да добиеш одговор зошто..

Играј и учи ти со нас, ние сме БУШАВИ ГЛАВИ!

 

БУ- БУ- БУ- БУШАВИ ГЛАВИ ,  

 

Никола Тесла, Пикасо, Вивалди се БУШАВИ ГЛАВИ …

Може не знаеш нешто,  ќе научиш сешто лесно како се прави,

Имаме радост немаме тага – БУШАВИ ГЛАВИ .

Побрзи сме ние од брзата храна, ние сме најздрави, најсилни…

 

Може ќе научиш нешто, да добиеш одговор зошто,

Играј и учи ти со нас, ние сме БУШАВИ ГЛАВИ.

 

БУ- БУ- БУ- БУШАВИ ГЛАВИ,  

 

Имаме коса немаме чешел, ние сме БУШАВИ ГЛАВИ,

Имаме план овде да започне цел свет од почеток,

Еден пишува книга друг свири гитара –  сите сме БУШАВИ ГЛАВИ

Некој сака филм некој сака театар, ние сме откачени, посебни…

 

Може ќе научиш нешто, да добиеш одговор зошто,

Играј и учи ти со нас, ние сме БУШАВИ ГЛАВИ

 

БУ- БУ– БУ – БУШАВИ ГЛАВИ ,

Кон проектот