од СОРАБОТНИЦИ


Дејан Смилески
монтажер

Борко е еден од најпосветените и најорганизираните соработници кои сум ги имал и заради тоа успеавме помалку и зачудувачки во екстремно кратки рокови да ги завршиме епизодите од идеја до финален продукт.

 



Горјан Атансаов
Пост продукција

Работењето на овој серијал за мене беше одлично искуство од повеќе аспекти. Не само што имав прекрасна соработка со Борко кој беше секогаш отворен за креативни идеи, туку ми овозможи и јас да научам многу за Светот преку неговите патувања!

 



Ратковиќ Сашко
Советник на проектот

Кога станав уредник на забавната програма го запознав Борко. По еден состанок бргу се договирвме да биде дел од водителскиот тим на Утринската програма, но Борко постави една клаузула: ако добие работа на крузер ќе ја батали водителската улога.

Е, така бидна. Наоружен со одлично говорење на неколку странски јазици, ми се чини англиски, германски и шпански, и со познавање на португалски, италијански… и со вештини на зумба инструктор, фитнес тренер, Борко замина во белиот свет и се врати, но со видео материјали кои за среќа имав можност да ги погледнам во оригинал. Гледајќи што се снимил неколку пати прокоментирав дека е „луд“… Се договоривме да направи емисија и го убедував да го прави серијалот на друг начин, но тврдоглавиот Борко си имаше зацртано што и како и сега ми е мило што не успеав да го наговарам да го смени сценариото и пристапот кон емисијата… За името малку попушти, но само малку… „Светскиот патник“ сега е веќе бренд и се надевам дека ќе продолжи и ќе направи серијал.
Борко продолжи, ни недостасува твојата искрена насмевка и „лудите“ работи кои не остаава без здив.