Home Blog Page 27

Зоран Михаjлов

Легенда на македонското спортско новинарство!

Тоа што го знае Зоран го нема ни на Google.

„STAND UP REVOLUTION“

НАША ТВ е  национална и сателитска телевизија,која се емитува преку сателит и зрачи преку 80 кабелски оператори и преку сите ИП оператори  на цела територија на Република  Македонија.

STAND UP REVOLUTIONе уште еден проект на НАША ТВ, кој во својата основа е уникатен, не само на нашиве медиумски простори.

STAND UP REVOLUTIONе играна студиска верзија на кабартскиот жанр, многу популарен во светот, стенд ап комедија. Овој специфичен начин на анимирање, односно засмејување на клубската публика, преку еден актер, комичар, кој „импровизира“ на отворена сцена, своја сценаристички, сценографски и визуелно спакувана форма, добива во ТВ форматот на стенд ап комедијата – STAND UP REVOLUTIONна НАША ТВ.

Во рамките на STAND UP REVOLUTIONна НАША ТВ досега реализирани се стоипеесет (150) 15-минутни епизоди на исто толку атрактивни теми.

Харизматичниот актер Никола Тодороски ќе ве насмее до солзи со неговото STAND UP шоу. Следејќи го концептот за STAND UP комедија  Никола Тодороски, навистина успешно, секојдневните ситуации и проблеми, ги прикажува од еден поинаков хумористичен агол, што предизвикува бурна смеа кај гледачите, посочувајќи им дека секоја ситуација во животот содржи комични елементи и дека смеата е составен дел на животот.

Овој ТВ формат, каков што е „STAND UP REVOLUTION“ на НАША ТВ како уникатен проект на овие простори, им дава на гледачите единствена можност за уживање во овој жанр, кој е карактеристичен, како изведба во живо, пред се за клубовите или малите сцени во театрите.

„STAND UP REVOLUTION“ го следи базичниот концепт на НАША ТВ, да промовира позитивни текови во нашето културно и општествено миље, и го збогатува на оригинален начин.

Термини на емитување:

Ден Премиера Прва Реприза Втора Реприза Трета Реприза Четврта реприза Времетраење во минути
Вторник 08:30 11:10 17:40 22:15   15
Четврток 08:10 12:30 17:30 22:15   15
Сабота         14:30 15
Недела         16:15 15

РУБЕНС МУРАТОВСКИ LIVE – Помагачот на НАША ТВ!

Документарно играната серија РУБЕНС МУРАТОВСКИ LIVE – Помагачот е серијал во која што Рубенс се јавува во различни улоги и ситуации како помагач со цел да се доближи гледачот до секоја работна позиција во Републиката.

Предизвикот за Рубенс е во следниот проект од 120 епизоди РУБЕНС МУРАТОВСКИ LIVE да има 120 нови улоги….

…..земјоделец,млекар,молер, келнер, банкар, брокер, татко, фризер, градежен работник, син, продавач на полиси, доктор, експерт за ајвар, актер, таксист, научник, продавач на карти, дистрибутер, касиер, магационер, инспектор за паркинг, туристички водич, шеф на смена, водоводџија, монтер на мебел, готвач, професор по физичко, сточар, лаборант, комерцијалист, шеф на обезбедување, оператор во кол центар, фудбалски судија, агент за недвижности, пекар, месар, апотекар, новинар…фраер на батерии.

Документарно играната серија РУБЕНС МУРАТОВСКИ LIVE – Помагачот, во различни ситуации и различни локации, со случајни и намерни гости.

Термини на емитување:

Ден Премиера Прва Реприза Втора Реприза Трета Реприза Четврта реприза Времетраење во минути
Понеделник     8:15 12:15 17:15 20
Вторник 20:15 22:15       20
Среда     8:15 12:15 17:15 20
Четврток 20:15 22:15       20
Петок       12:15 17:15 20
Сабота 20:15 22:15       20
Недела     8:15 12:15 17:15 20

Пилот емисија од Рубенс Муратовски Live –Помагачот можете да погледнете на следниот линк:

БУШАВИ ГЛАВИ

Детската емисија БУШАВИ ГЛАВИ е проект во која главни актери и протагонисти се децата (од голема група во градинка и од прво и второ одделение) со нивната визија, за тоа како нештата во светот фунционираат, отвораат многу теми за дискусија и не пренесуваат во свет кој е резервиран само за отворените детски умови. Возрасните се тука само да помогнат тој свет да остане онаков каков го создала детската фантазија.

Со проектот БУШАВИ ГЛАВИ, покрај тоа што децата ќе се забавуваат, тие ќе научат многу нови нешта од областа на културата и уметноста, ќе научат како да го чуваат своето здравје со тоа што ќе спортуваат и ќе внимаваат на својата исхрана. Науката е исто така голем наш предизвик.

За сите овие теми, ќе проговорат многу јавни личности, уметници, лекари, спортисти, нутриционисти, односно сите оние кои со својот позитивен пример ќе се обидат да ги мотивираат децата да не се плашат да прашаат, слободно да креираат и ќе ги поттикнат да се натпреваруваат меѓу себе. Возрасните говорат и за нивните детски денови, за фантазиите и соништата кои ги имале и за желбите кои им се оствариле.

Првата сезона од проектот БУШАВИ ГЛАВИ содржи вкупно 200 епизоди, секоја во времетраење од 25 минути. Автори и уредници на овој проект се актерката Билјана Драгиќевиќ Пројковска и водителката и музичар Сузана Турунџиева. Гости во првите 200 епизоди се многу значајни јавни личности кои се и наша поддршка: Симон Трпчевски, Сашко Коцев, Билјана Драгичевич, Сара Мејс, Ристо Самарџиев, Тања Кочовска, Елена Ристевска, Жарко Димитриовски, Игор Стефановски Иџе, Рубенс Муратовски, Даниел Кајмаковски, Тијана Дапчевич и Тамара Тодевска, Наташа Мешковска, Игор Ангелов, Ана и Јана Стојановски, Снеже Велков и многу други..


Конципирајќи ја емисијата со позитивни јавни личности цел ни е на децата им ги презентираме вистинските вредности.

НАША ТВ е телевизија за паметни гледачи и паметни клиенти. Пилот емисија од Бушави глави можете да ja погледнете на следниот линк:

За истата се снимени и изработени и два видео спота во кои што се појават 100 јавни личности кои што учествуваат во проектот БУШАВИ ГЛАВИ (најголем дел од спотовите на групата ПЕПЕРМИНТ имаат над 600.000 прегледи на YOUTUBE)

Двата спота можете да ги погледнете на следниот линк:

Термини на емитување:

Ден Премиера Прва реприза Втора реприза Трета реприза Четврта реприза Петта реприза Времетраење во минути
Понеделник 07:40 12:00 16:30        
Вторник       14:00 19:40    
Недела           07:30  
Среда 07:40 12:00 16:30        
Четврток       14:00 19:40    
Недела           12:00  
Петок 07:40 12:00 16:30        
Сабота       14:00 19:40    
Недела           16:30  

МАКЕДОНСКИ СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ НА НАША ТВ

Светски првак во пливање на мирни води, маратонски светски првак во Капри, освојувач на европска златна копачка, репрезентативци на Македонија и Југославија, европски првак во бокс и олимписки првак, олимписки и европски првак во борење, кошаркарка и освојувач на сребрен медал на олимпијада, одбојкар освојувач на сребрен медал на европско првенство, ракометар со меѓународна кариера во Франција, Германија, Словенија и Грција, ракометарка надобар стрелец на светско првенство и европски клубски првак, кошаркар со сребрен медал на олимпијада и многу други признанија за македонските спортски легенди.
Огромен број на врвни спортисти со значајни резултати, поттик за многу млади луѓе активно да спортуваат.

На младите генерации им е неопходно да ги запознаат легендите.

Авторот и водител на емисијата, доајенот на македонското спортско новинарство г-дин Зоран Михајлов, сведок и хроничар на најзначајните моменти во македонската спортска историја ви ја остава оваа телевизиска енциклопедија.

Овој проект има трајна архивска и историска вредност, која со текот на годините ќе биде сè поголема како резултат на временската дистанца.

Гости во досегашните епизоди се многу значајни јавни личности од светот на спортот:

Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, Методија Спасовски, Дарко Панчев, Аце Русевски, Реџеп Реџепи, Шабан Трстена, Стојна Вангеловска, Владимир Богоеовски, Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, Благоја Георгиевски -Буштур…

„STAND UP МАКЕДОНИЈА“

Овој проект во изминатите години претставуваат најуспешниот независен проект во Република Македонија од тој карактер, кој досега во живо го имаат видено преку 30 000 луѓе, 14 ПОЛНИ УНИВЕРЗАЛНИ САЛИ И ПРЕПОЛНИ САЛИ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА. Целта е да се насмее гледачот, но и да се испрати порака до сите социјални групи во општеството дека хуморот е најдобар начин, доколку сакате некого да искритикувате и барате од истиот да го поправи однесувањето. Во овој проект учествуваат познатите актерски имиња од Македонија и од Балканскиот регион: Никола Тодороски, Сашо Тасевски, Весна Петрушевска, Бојан Велевски, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Пеѓа Бајовиќ, Срѓан Јовановиќ, Домагој Пинтариќ, Марина Осраг, Горан Фурјан, Иван Кирков, Тони Михајловски .

“STAND UP MAKEDONIJA”содржи 125 различни паричиња од настапите на споменатите актери, вклучително стендап комичари од Балканот, како и едно подолго едночасовно урнебесно издание на “STAND UP MAKEDONIJA”.

Овој проект во ТВ варијанта за гледачите на НАША ТВнуди можност во удобноста на домот, да се биде дел од најатрактивните изведби на сцена на актерите, чија специјалност е и стендапот.

И “STAND UP MAKEDONIJA”како и „STAND UP REVOLUTION“ одлично се вклопува во глобалниот концепт на НАША ТВ, на негување невообичаени ТВ формати, при што на медиумскиот етер на овие простори нуди можност на телевизиските екрани да се види нешто позитивно, и нешто различно.

Термини на емитување:

Ден Премиера Прва Реприза Втора Реприза Трета Реприза Четврта реприза Времетраење во минути
Понеделник 08:30 11:45 15:45 18:35 21:40 15
Среда 08:10 11:45 16:10 18:35 21:40 15
Петок 08:10 11:45 16:20 18:20 22:40 15
Сабота         14:30 15
Недела         14:30 15
https://www.youtube.com/user/StandUpMacedonia

„МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“

„МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“ е уште еден проект на НАША ТВ, кој во својата основа е уникатен, не само на нашиве медиумски простори.

„МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“ е документарно играна серија на кабартскиот жанр, многу популарен во светот, стенд ап комедија. Овој специфичен начин на анимирање, односно засмејување на клубската публика, преку еден актер, комичар, кој „импровизира“ на отворена сцена, своја сценаристички, сценографски и визуелно спакувана форма, добива во ТВ форматот на стенд ап комедијата – „МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“ на НАША ТВ.

Поточно, „МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“ е документарно играна серија, во која се прикажани, авантурите, предизвиците и сите згоди и незгоди, кои му се случуваат на актерот, стендап комичарот, театарскиот режисер Марјан Ѓорѓиевски. Погледнуваме во неговиот, личен, социјален и професионален живот. Го следиме целиот пат “зад камерата” до крајната цел (пишување материјали за стендап комедија, создавање на претстави, борбата за живот и снаоѓањето за да се преживее во македонската реалност). Ќе имате шанса да погледнете во позадината на: реалниот живот на Марјан, без цензура и како и во брутално смешните сплетки, кои го очекуваат. За повеќе, следете ги 100-те епизоди, на НАША ТВ.

Жестокиот и харизматичен актер Марјан Ѓорѓиевски ќе ве насмее до солзи со неговото „МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“ шоу. Следејќи го концептот за STAND UP комедија  Марјан Ѓорѓиевски, навистина успешно создава еден „нов“ жанр – стенд ап риалити шоу. Секојдневните ситуации и проблеми, преку динамичен сет ап, ги прикажува од еден поинаков агол, што предизвикува бурна смеа кај гледачите, посочувајќи им дека секоја ситуација во животот содржи комични елементи и дека смеата е составен дел на животот.

Инаку, Марјан Ѓорѓиевски добро и е познат на македонската јавност, До сега има реализирано над 50 улоги во својот матичен театар – Народен театар – Битола. Исто така, публиката добро го познава и од неговите преку 400 стенд ап настапи низ Македонија и во земјите од Балканот, како и преку турнеите во Австралија и во САД. Автор е и на неколку ТВ проекти, а работел и како сценарист во тв проектот Еден на Еден.

Инаку, неговите стенд ап парчиња на youtube имаат преку 15 милиони прегледи!

Овој ТВ формат, каков што е „МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“ на НАША ТВ како уникатен проект на овие простори, им дава на гледачите единствена можност за уживање во овој жанр, кој е карактеристичен, како изведба во живо, пред се за клубовите или малите сцени во театрите.

„МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – ЛАЈФ“ го следи базичниот концепт на НАША ТВ, да промовира позитивни текови во нашето културно и општествено миље, и го збогатува на оригинален начин.

Термини на емитување:

Ден Премиера Прва Реприза Втора Реприза Трета Реприза Четврта реприза Времетраење во минути
Понеделник           15
Вторник           15
Среда           15
Четврток           15
Петок           15
Сабота           15

Марјан Ѓеорѓиевски live

НАСКОРО……на НАША ТВ! МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ LIVE! Првиот Stand up комичар во Македонија, интернет сензација со над 15 милиони прегледи на you tube со над 700 настапи во живо во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија..имал сипаници во 7- мо, турнеја во Австралија, прв бакнеж на 24 години, актер и сценарист во 4 ТВ проекти, фатил гуштер во живо на 2 години, молзел крава на 11 години и јавал бик на 9 години.А да…има над 15 милиони прегледи на you tube и над 50 одиграни улоги во театар. Предизвикот за Марјан е во следниот проект од 120 епизоди МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ LIVE да има 120 нови улоги….молер, келнер, банкар, брокер, татко, фризер, градежен работник, син, продавач на полиси, доктор, експерт за ајвар, актер, таксист, научник, продавач на карти, дистрибутер, касиер, магационер, инспектор за паркинг, туристички водич, шеф на смена, водоводџија, монтер на мебел, готвач, професор по физичко, сточар, лаборант, комерцијалист, шеф на обезбедување, оператор во кол центар, фудбалски судија, агент за недвижности, пекар, месар, апотекар, новинар…фраер на батерии 🙂 Документарно играната серија МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ LIVE , во различни ситуации и различни локации, со случајни и намерни гости. STAND UP во ДВИЖЕЊЕ, за прв пат во Македонија! И да не заборавиме: Марјан Ѓорѓиевски со својот Stand up проект досега има над 15 милиони прегледи на youtube! Лесно се прави споредба за да се види разликата 🙂 Купете веднаш , во следните 5 минути…:) (нарачки за теми, промоција и цени во инбокс) Марјан Ѓорѓиевски LIVE! Од септември , на НАША ТВ !

Posted by НАША ТВ on Сабота, 25 август 2018

ПРОФИТ НА НАША ТВ

Проектот ПРОФИТ е емисија за бизнис и економија и во медиумскиот простор нуди решенија веќе 8 сезона по ред.

Досега се реализирани над 800 емисии со над 3000 гости.

Новинарката м-р Марија Георгиевска и нејзините гости даваат одговори на актуелни прашања од областа на економијата, бизнисот, претприемништвото и законските решенија за спроведување на истите. Гостите во ПРОФИТ се успешни бизнисмени, менаџери, професори, консултанти, стручни лица кои дебатираат за дејностите во кои работат, за успесите на нивните компании и нудат предлози и решенија за подобрување на економската состојба во секторите.

Проектот ПРОФИТ кој е уникатен и за жал единствен на пазарот од овој вид, секојдневно поттикнува млади луѓе да се приклучат со идеја за отворање на нов бизнис.

Гости во ПРОФИТ до сега се многу значајни личности и компании од бизнис секторот кои се и наша поддршка: „Атлантик“, „Кожувчанка“, „Адора“, „Јока“, „Бучен козјак“, „Еуроимпекс“, „Бовин“, „Здравје Радово“ , „Раде Кончар –ТЕП“, и многу други, што може да се погледне на следниoт линк:

„КУЛТУРО“ на НАША ТВ

Проектот КУЛТУРО е ТВ формат кој има за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, филозофијата на живеење, отворени прашања, перспективи, насоки на расмислување и делување, преку неколку различни форми да ги приближи, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум, што го прави уникатен во медиумскиот простор во Македонија. На тој начин го поткрепува главниот концепт на НАША ТВ, да афирмира, споделува, негува позитивни настани, со што ја претставува својата културна, културолошка и едукативна функција, како придонес кон основните начела на НАША ТВ за негување вистински и трајни вредности.

КУЛТУРО се развива во три различни насоки:

• КУЛТУРО – ФОРУМ – дебатна емисија во времетраење од 60 минути, со најмалку три соговорници, кои ги споделуваат и спротиставуваат своите размисли, начини на делување, како и решенија за одредени проблеми што се однесуваат на културните и воопшто општествените перспективи на живеењето во нашата средина. Уредник и водител на оваа форма на КУЛТУРО е Јасмина Спасовска, која со својот ненаметлив шарм, но и со „острината“ на мисла навистина успешно ги води своите гости до крајната цел – афирмација на сите позитивни културни и културолошки процеси кај нас;

• КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ – некласичен разговор од 60 минути, со една наша проминентна личност од културно-општествениот живот – во распон од највозрасните до најмладите генерации уметници или културни дејци, во кој преку речиси интимни професионални исповеди пред ТВ гледачите се отвора светот на творецот од секој аспект: во однос на самиот себе, во однос на другите, во однос на системот во кој создава, како и во однос на местото кое го има неговото творештво и вон границите на нашата земја. Уредник и водител на овој дел од КУЛТУРО е младата режисерка Теа Беговска, која со својата младешка бунтовност, раскошна елоквентност и широчнина во своите визии за светот во кој живее, на вистински начин ги извлекува и најинтимните размисли на своите соговорници;• КУЛТУРО – ПРЕС – секојдневно следење и емитување прилози, во времетраење од 10 до 20 минути, за сите атрактивни културни настани што се случуваат кај нас, како што се прес конференции за театарски, оперски, балетски претстави, концерти, промоции на филмови, музички дела, отворање на изложби, промоции на нови книжевни дела, перформанси…

КУЛТУРО е втора сезона во етерот на НАША ТВ. За овој релативно кус период низ него поминаа околу триста (300) гости – најзначајните уметници, културни дејци и творци, кои без исклучок, дел од нив и во самата емисија, а другиот дел по гаснењето на камерите, истакнуваат дека проектот КУЛТУРО со својата уникатност во медиумскиот простор, е навистина најзначајниот проект во оваа област кај нас, и кој безусловно треба да се развива и понатаму.

КУЛТУРО – ФОРУМ и КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ имаат по две премиери неделно (секоја по уште две репризи), а КУЛТУРО – ПРЕС оди секојдневно, што значи, НАША ТВ одвојува преку 800 минути за култура неделно. Тоа ја прави навистина посебна, во однос на другите ТВ куќи каде нема ни 5 минути култура неделно.

НАША ТВ во проектите КУЛТУРО – ФОРУМ, КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ и КУЛТУРО – ПРЕС секојднево и тесно соработува со МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР, ДРАМСКИ ТЕАТАР, МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ, МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА, ТЕАТАР КОМЕДИЈА, ТУРСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР, НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА, ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ОД ПРИЛЕП, МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ, КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР МАЛА СТАНИЦА, НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА „ДАУТ ПАШИН АМАМ“, МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ, КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА и сите други значајни институции од областа на културата и уметноста во земјата. Емисијата КУЛТУРО својот печат го става и во профилирање еминенти и значајни личности со светски признанија, кои со своите дела оставиле длабока трага и печат во нашата држава.

Гости во КУЛТУРО до сега се многу значајни јавни личности од областа на културата, кои се и наша поддршка: Драган Даутовски, Сергеј Андреевски, Александар Прокопиев, Гаро Тавитјан, Вангел Божиновски, Коле Манев, Љубомир Цуцуловски, Коле Ангеловски, Елена Дончева, Жарко Димитриовски, Билјана Пашариковска, Валентино Скендеровски, Љупка Џундева, Милица Стојанова, Благоја Нацовски, Ѓорѓи Цуцковски, Олга Панго, Дејан Пројковски,
Бодан Арсовски, Љубиша Георгиевски, Снежана Коневска Руси, Благоја Чоревски, Искра Гешовска, Ристо Стефановски, Емин Џијан, Бодан Арсовски, Тања Кокев, Саша Евтимова, Бисера Чадловска, Дарко Лешоски, Елизабета Шелева, Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија, Драган Б. Костиќ, Висар Вишка, Горан Трајковски – Готра, Сашко Насев, Иван Поповски, Искра Шукарова, Бени Шаќири и многу други.
Досега снимени и емитувани се 93 изданија на КУЛТУРО ИНТЕРВЈУ со Теа Беговска и 61 издание на КУЛТУРО ФОРУМ со Јасмина Спасовска.

Термини на емитување:

Ден Премиера Прва реприза Втора
реприза Времетраење во минути
Понеделник 20:15 12:00 60
Вторник 20:15 16:00 60
Среда 20:15 60
Четврток 18:15 21:30 60
Петок 19:10 60
Сабота 16:00 21:30 60
Недела 18:15 11:00 60

New website loading

Nasa TV website is coming soon!