Home Blog Page 3

ЦОЦОВ КАМЕН – НЕИСТРАЖЕНО НАОЃАЛИШТЕ

Возбудата од средбата со природната архитектонска атракција која е само „довршена“ од човечка рака станува доминантно чувство кога ќе се сретнете со локалитетот Цоцев Камен.Иако е познат за нашата јавност од 70 тите години на минатиот век ,исклучително малку внимание му е посветено од страна на археологијата.Денес сепак по емитувањето на оваа емисија многу од возбудите доживеале појаснувања во стручната јавност.За овој локалитет неопходно е да се обезбеди нова епизода која сигурно би предизвикала уште поголема атракција за светската јавност. Во овој момент во тек е инвестиција која ќе обезбеди меѓународен кампус за археологија.

СИТЕ ЕМИСИИ

ЦОЦОВ КАМЕН- ПРВ ВПЕЧАТОК

Веројатно најмонументалното светилиште на европскиот неолит во скоро потполно недопрена состојба се наоѓа во близината на Шопско Рударе. Неговата сликовитост и слоевитост е отворен учебник за настанокот на идејата за монотеистичка религија.

СИТЕ ЕМИСИИ

НАПРЕД КОН МИНАТОТО

Народите и нациите кои држат до своето достоинство и кои денес ги именуваме како „РАЗВИЕНИОТ ЗАПАД“, како нешто кон кое ние треба да се стремиме и да се радувам ако „не примат“ , најмногу средства одделуваат за истражување и реконструирање на сопственото минато. Во нашата секојдневност, нашето минато се гледа како нешто што треба да се заборави за да можеме да „одиме напред“ ?! Има ли разум во таквата секојдневна синтагма ?

СИТЕ ЕМИСИИ

БИТОЛСКИ МУЗЕЈ

Народниот музеј во Битола има постојана поставка која ослободила определен простор за Младото камено време. Депото на музејот содржи сеуште не представени артефакти кои најмалку двојно би ја збогатилењ оваа збирка доколку се посвети внимание само на првите ископувања на локалитетите Породин и Велушина направени пред 70 години. Во поставката се наоѓа и најстарата архитектонска градба на објект које прототип за станбен објект и како најстар и најатрактивен стои на насловната страница на единствената досега сеопфатна историја на европскиот неолит .Триесет годишниот труд на проф Марија Гимбутас американски експерт за неолит го промовира Македонскиот неолит како најстар во Европа.

СИТЕ ЕМИСИИ

ГРАФИТИ

Праисторијата е дефинирана како епоха на развојот на цивилизацијата за која нема писмо или знаци кои би ја дообјасниле материјалната култура, Но кога станува збор за македонскиот неолит невозможно е да се помести во таква праисторија бидејки не само дека е регистрирана азбука туку и општествен живот кој може да се спореди со најсовремената „слобода “ на изразување на револт со одлуките на властодржецот. На една карпа на 25 км од Битола постои еден „графит“ кој го подсетува зетот (неолитска именка за владетел) дека не ги почитува законите. Извесни понови дешифрации го толкуваат како „грчко “ писмо, но овој документ во оригинал е снимен во оваа епизода.

СИТЕ ЕМИСИИ

ГОЛЕМАТА МАЈКА

Занемарена. Заборавена. Големата Мајка на плодородноста лежи во пелагониското поле како патен знак за неолитското светилиште и како зачеток на цивилизациските слоеви кај Горно село, кај античките македонски гробници, кај античките скулптури, кај родното место на Цар Душан..

СИТЕ ЕМИСИИ

КОСТОПЕРСКА КАРПА

Еден исклучителен наод кој е постар најмалку 2000 години од познатите неолитски храмови на Малта. Неговата уникатност досега не е разгледувана во рамките на службената македонска археологија а третманот според еден попис го сместува овој подземен храм на реинкарнацијата за (цитирам ) „РИМСКА ЦИСТЕРНА“ !?..

СИТЕ ЕМИСИИ

МАЈКАТА И АДАМ ОД ГОВРЛЕВО

На скоро непознатиот локалитет во с Говрлево населба стара 8000 години од која за еден месец се жнеат повеќе артефакти од едногодишните кампањи во цела Швајцарија. Мајката родителка како модел за првата архитектонска артикулација за семејна куќа.

СИТЕ ЕМИСИИ

ПЕЧАТОТ ОД ГОВРЛЕВО

Епохата на Младото камено време според службената светска историја е поместена во категоријата ПРЕДИСТОРИЈА. Но ,ако предисторијата го заслужила своето име поради тоа што во таа епоха нема азбука и писменост што можеме да кажеме за Македонскиот неолит кој има регистрирано множество записи на камен,глина а има и повеке откриени печати со дешифрација иако сеуште недоволно популаризирана но консеквентна до степен на препознатлива азбука ? Печатот од локалитетот Говрлево е потребно и доволно познат во светот за да ја предложиме хипотезата : НЕОЛИТОТ НЕ Е ПРЕДИСТОРИЈА ТУКУ ЕВРОПСКА ИСТОРИЈА !
Случајност или судбина до овој заклучок дошле и учените од сферата на археологијата надвор од Македонија.

СИТЕ ЕМИСИИ

ПЕШНА

Македонските археолошки локалитети едвај стасуваат до 8% препознавање од страна на службените институции. Добар пример е археолошкиот локалитет пештера Пешна кај Македонски Брод. Можеме да се задоволиме со приказната за остатоците од Средниот век но во Македонија нема археолошки локалитет кој во континуитет не ги содржи и претходните епохи…

СИТЕ ЕМИСИИ