Home Blog Page 9

САЕМСКА ПРОМОЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Промоцијата на органското производство и земјоделството е важна за постигнување поголем развој и конкурентност, освојување на нови пазари преку примена на нови технологии за современо земјоделство.

Нови технологии за современо земјоделство , презентирање на производи, воспоставување нови соработки, вмрежување, размена на искуства, домашни и меѓународни, донесе петтиот Меѓународен саем на органски традиционални производи „Органска трпеза“ и првиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК 2022“ што се одржа во Куманово.

Во емисијата, анализи преку ставовите на производителите, земјоделците, компаниите и организаторите на Саемот.

Во присуство на околу 3.000 луѓе од кои 200 до 250 излагачи од државата, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други., на штандовите беа изложени  домашни органски и традиционални производи,  преработки, брашно, сирење, кашкавал, мед,  модерна технологија за земјоделството,препарати, механизација и ракотворби.Воедно, беа присутни и стручни и научни организации и високообразовни институции, од земјава и странство.

Органското производство во државата има големи перспективи. Особено, што според научните излагања, на светско ниво расте интересот за органската храна и здравиот живот.

Нашите органски производители треба да ги искористат овие состојби и да работат на својот развој, велат соговорниците.

СИТЕ ЕМИСИИ

ДЕЛОВНА УСПЕШНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

За деловен успех потребни се истрајност  и посветеност во работењето, во чекор со следење на светските трендови, постојани инвестиции во унапредување и развој. Сите овие стратешки пристапи, во корпоративниот модел на компанијата, се причина за достигнуавње на   30 – годишната успешна работа на компанијата „Даути Комерц“. Компанијата со пригодна свеченост го прослави својот јубилеј, споделувајќи ги  успесите со своите деловни партнери, пријатели, соработници и раскажувајќи ја својата бизнис приказна.

СИТЕ ЕМИСИИ

РЕГИОНАЛНА ПРОМОЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ

Здружениот настап на компаниите во регионот ги зголемува шансите за конкурентност и побрз пристап на европските и светски пазари.

Иницијативата Отворен Балкан го овозможи здруженото претставување на винската, прехранбената индустрија и туризмот, преку Првиот Меѓународен Саем за вино храна и туризам „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград.

Екипата на НАША ТВ и емисијата ПРОФИТ, од саемската манифестација ги сублимираше случувањата, впечатоците и очекувањата на компаниите од регионот.

Челниците на трите држави, Република Србија, Северна Македонија и Албанија, со силен ентузијазам, најавуваат активности, кои ќе донесат економско поврзување и просперитет.

Компаниите од овие сектори полагаат голема надеж дека ќе успеат да постигнат поголема конкурентност и да ги освојат регионалните пазари, а оттаму и европски и светски.

СИТЕ ЕМИСИИ

НОВА – 16-ти годишен семеен базар 2022

Семејна традиција, гастрономија, заедно со игра, песна, забава, другарувања и хуманост. Ова се вредностите, креирани за да ги собере на едно место, по 16 пат, сите пријатели на НОВА. Како што расте семејството на НОВА, така се нижат и семејните базари, како едно посебно доживување за целата НОВА – заедница. НОВА уште еднаш покажа, дека на еден ваков ден, е место каде ги собира сите добронамерници, помагатели, организации, родители, пријатели, ученици, за да заиграат заедно, да бидат хумани, да донираат, да се сплотат и радуваат. Овој,  16-ти семеен базар е посебен, бидејќи, иако   се одржува секоја година,  по две години повторно се случува во живо. Посетеноста беше голема и имаше многу семејства, родители и насмеани деца.  Од Здружението на родители и наставници го изразија своето задоволство од успешноста на организацијата со став дека  ги радува тоа што  го имаат годишниот базар, надвор во прекрасната градина, каде има штандови со меѓународни храна, галење животни, многу забавни игри и сето тоа за еден прекрасен повод за „Светилник на надеж“ од Битола, кои изразија благодарност на Меѓународните училишта НОВА, што се поканети  да бидат  корисници на собраните средства. Тука беа и претставниците на  Советот на ученици, кои  собираа пари за матурската вечер. Потоа, претставници од  Добротворниот клуб „Искра надеж“, кои беа на семејниот базар за да го промовираат нивниот  настан, наречен „Трчаj за надеж“, кој има добротворен карактер и од кој собраните средства ќе бидат донирани во Детската клиника на одделот за онкологија. Присуствуваа и претставничките на Феминистичкиот клуб, кои продаваа голем број различни предмети, го промовираа клубот и  собираа пари за кампањата „Менструални кутии“, којaшто е планирана да се спроведе за бесплатни менструални артикли во различни училишта. Секако, за да се даде печат на сплотеноста на различните традиции и култури, кои се присутни во НОВА, беа поставени и штандовите со традиционална храна. Со вкусни специјалитети беа претставени: Македонска маса, Американска маса, на која фаворити беа  хот-дог и хамбургери, потоа Турска маса со  различна и многу вкусна турска храна, којашто е подготвена дома, како и  Грчката маса.  Спој на вкусови, колорит на бои, што асоцираат на топлина, семејство, сплотеност, радост.

Затоа, Семејниот базар на НОВА секогаш е посебен, зошто  создава моменти кои го прават среќно семејството, а тоа, пак, дава чувство на спокој и хармонија.

СИТЕ ЕМИСИИ

ПРОФИТ – СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ПОДОБРО ВРАБОТУВАЊЕ И ПОКОНКУРЕНТНИ КОМПАНИИ

Квалитетните стручни кадри се важен фактор за успешно работење на компаниите. Компаниите имаат  проблем со наоѓање стручни кадри подолг временски период, a државата со невработеноста.  Проблемот со неусогласеноста на понудата на кадри со потребата на работодавачите на  пазарот на труд  се провлекува. Клучна причина за високата стапка на невработеност е неусогласеност меѓу вештините што ги обезбедува образовниот систем и оние што ги бараат работодавците. Тие се соочуваат со голем недостиг на стручни кадри, а на пазарот на трудот, иако има висока стапка на невработени млади лица, сепак не се наоѓа соодветен кадар и овој проблем се провлекува со децении. Во последните години се спроведуваат активности, за да се подобрат состојбите и да се продуцираат кадри преку унапредување на стручното образование, со вклучување на сите засегнати страни и примена на странски искуства.

Странските искуства, преку проектни поддршки се драгоцени, а тоа се покажа и во изминатите години во пракса, особено од 2017 година, со Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk)“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а се имплементира од страна на ХЕЛВЕТАС Северна Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Северна Македонија.

 

Во емисијата, анализа на состојбите, со соговорниците:

Иван Петрушевски – експерт за правни прашања и усогласеност во „КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА“ Охрид

Сашко Наков – директор на „АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА“ Кочани

Бојана Димовска генерален директор на „РОНТИС“ Велес

м-р Михајло Донев – в.д. оперативен директор при Стопанската комора на Северна Македонија

СИТЕ ЕМИСИИ

НОВА – Полуматурска церемонија 2022

Убава завршница на еден циклус на образование. Иако, многумина од оваа генерација поминаa низ предизвици, но за признание е дека НОВА како училиште, ги сподели сите предизвици со учениците. Со гордост може да се каже, ова се многу поотпорни ученици од што се мисли. Затоа, за оваа ваква генерација, беше свечениот  собир,  за да се  прослави  големата транзиција во средното училиште. НОВА, е  многу надежно место и како што се слави  полуматурирањето, ќе се слави и во многу други прилики, кога ќе бидат 3 година, 4 година, многумина ќе се здобијат со диплома, магистерски труд, докторски труд, прослави, венчавки, родендени на нивните деца, купување куќа, купување автомобил и многу други работи. Тоа  дава една перспектива каде ќе бидат тој момент и што им  останува на тоа нивно патување –  многу славења. Затоа, им  посакуваме таков вид слобода. „СЛОБОДАТА НА СОНУВАЧИТЕ“.Токму, на овие сонувачи, се порачува да  бидат авантуристи, бестрашни и да излезат од нивната  зона на комфор. А, тие покажаа дека можат да го направат тоа. Не грижете се од правење грешки, прифатете ги неуспесите, зашто тие се важен дел од движењето од една до друга точка и до многу други точки што сте ги зацртале. Секој ден нека биде важен, бидејќи секој ден е токму тој што го живееме во тој момент, затоа нека биде важен. Никому не должат ништо. Моменталнaта иднина се состои од комбинација од среќа, време, напорна работа и волја. Пораката е единствена: „Зацртајте си ги своите патишта наместо да одите по некои што се веќе зацртани од други. Запомнете, ова доаѓа од некој што веќе одел по други патишта“. Така, од успешни, поуспешни, со успех завршува оваа генерација. Затоа и финалните награди што се даваат,  како дел од Претседателската образовна програма за достигнувања – Citizenship award, за обележјата прикажани во заедницата кои се поврзани со граѓанско влијание и вредности и со покажување интегритет со правење што е добро, а што не. Заедно, со писмото од Претседателот на САД,  писмо што се чита низ училиштата во светот, кои ја имаат привилегијата за делење на овие награди. „Оваа награда е завет за вашата напорна работа, упорност и издржливост, особено во текот на овие тешки времиња.  Вие сте дел од најталентираната и најнадарената генерација во историјата и ќе му бидете потребни на нашиот свет. Продолжете да учите вредно и запомнете секогаш да се водите по примерот. Убеден сум дека ќе го преточите вашиот талент во одлична можност, среќа и просперитет за себе, за нашиот народ и за нашиот свет.

Вашата иднина е светла.

Продолжете да верувате“

 

СИТЕ ЕМИСИИ
https://youtu.be/2MS-38o6tcg

НОВА – Матурска церемонија 2022

Соочувајќи се со голема промена, оваа генерација преживеа  4 години. Нема сомнеж, дека се подготвени за  светот што е пред нив, за да го истражат и да се подобрат.  Оваа генерација е посебна, по многу нешта. Затоа, нивната посебност беше свечено наградена, на матурската церемонија во нивна чест. Резиме на она што го поминале, но и совети за новите животни предизвици и лекциите што треба да ги учат понатаму, лекции и за животот и за образованието. Но, и лични сеќавања и споделување доживувања, за времето поминато во НОВА, за кое треба да се сетат  дека секој од нив остава трага во светот, за што треба да бидат благодарни и среќни. Да се сетат  на добрите времиња, добрите пријатели, и на животните лекции што ги научиле низ годините во Меѓународните училишта Нова. Оваа генерација покажа неверојатна издржливост и посветеност во животот. Тие беа лишени од нормалното школско искуство речиси една третина од  средното образование. Но, покажале навистина импресивно ниво на зрелост, извонредност и што е најважно, посветеност кон својата заедница, велат нивните професори, се  радуваат на нивните достигнувања, бидејќи се обидувале  да им помогнат да научат од нивните неуспеси,  како едно големо задоволство,  да бидат дел од нивното патешествие.

Живееме во време какво што не памети историјата и кое би требало да се запише во книгите за генерациите што доаѓаат.

Затоа, животните лекции за Генерацијата матуранти.

Да се фокусираат  на патувањето, наместо на крајната дестинација. Да

бидат решителни, лекомислени и да излезат од  комфор-зоната. Уште поважно, да не се грижат од правење грешки, туку да ги прифатат  неуспесите, како важен дел од преминување од точка А до точка Б или точка В до точка Ш. Да запомнат  дека времето е потрошен материјал, затоа секој ден и неговото креативно патешествие се значајни.  Иако,  тие се главните протагонисти на сопственото патешествие, не постои јасен или предвидлив пат на крајот од нивната крајна точка.

Бидејќи, нивната моментална положба е комбинација од среќа, време, напорна работа и волја. И покрај тоа што постои голема веројатност дека ќе ја достигнат посакуваната дестинација, треба да го прифатат  фактот дека животот можеби има поинакви планови за нив. Затоа, наместо да дадат отпор, треба да уживаат во возењето по „лудата железница“ наречена живот, без оглед дали одат нагоре или се спуштаат надолу.

Затоа, среќно во нивното лично патување!

 

СИТЕ ЕМИСИИ
https://youtu.be/2MS-38o6tcg

НОВА – Свечена завршна церемонија на петто оделение 2022

Некој еднаш рекол: „Се грижиме какво ќе стане детето утре“. Да, заборавивме дека тоа дете е некој денес. Сите родители и наставници вложиле многу време и енергија за да ги подготват овие деца за нивната иднина. И навистина, го сториле тоа да ги подготват децата со животни вештини, со цел да ги подготват за зрелото доба. Наша колективна одговорност е да ги водиме како возрасни и лидери за утре. Нашата и вашата иднина ќе зависи од нив.  Затоа, на завршна претстава на учениците од основното училиште и прославата за преминување на петтооделенци во шесто одделение, сите  им оддадоа почит на овие млади ученици на утрешнината. Знаеме, дека го почнаа значајното патување кон остварување на целта. Оваа година, тие покажале дека  растат и се развиваат прогресивно. Не само петтоодделенците, но и сите ученици. Тие останале желни и ентузијасти и се развивале на многу начини. За да го постигнат тоа, треба да се благодари на сите наставници и родители за фантастичната улога што ја играле, да помогнат во нивното образование, во овој процес. Затоа, петтооделенците, се неверојатно посебни луѓе, бидејќи покажале извонредна година на напредок.

Работеле напорно,  за да научат повеќе секој ден, се забавувале многу, создавале нови пријателства и станале пријатели еден со друг.

Затоа, честитки до секој од нив и порака, дека треба да се чувствуваат гордо, за сè што постигнале оваа година.

Како што ќе се движат кон  посветло сопствено утре, со светли цели што веќе ги постигнале, ќе имаат  и повеќе соништа кои ќе ги инспирираат, исто така.

Да уживаат во возраста, во која се сега,  во нивните срца и души. Не треба да брзаат да пораснат. Да ги зграпчат  необичните дарби за истражување и размислување и никогаш да не се откажуваат  од тоа, особено од размислување.

Да работат напорно, да бидат фер и да го задржат својот дух и душа какви што сте.

Да останат засекогаш млади, бидејќи тоа што си, те прави да бидеш посебен.

Затоа, мисли на генерациите и кажи им на нашите деца и на децата на нашите деца  да знаат дека светот е подобро место за нив. Уште поважно, да знаат дека не треба  да се менуваат за никого, а и да не се плашат да истражуваат, да веруваат во магијата на новите почетоци.

Учениците од 5-то ќе продолжат во нова година, година со нови предизвици со кои треба да се справат.

Но, тие сигурно се подготвени!

СИТЕ ЕМИСИИ
https://youtu.be/2MS-38o6tcg

НОВА –Чао градинка! Здраво училиште ! 2022

„Потребно е едно цело село за да се одгледа дете“, вели една африканска поговорка. Сигурни сме за „селото“ составено од училишна заедница на НОВА, која покажала огромна грижа за децата од градинката,  грижа едни за други. Така, годините поминати во градинка, децата ќе ги носат во себе, како години на љубов, радост, грижа, учење, воспитување. Затоа, на заедничката претстава, во чест на оваа грижа, на целиот тим на НОВА, за да се потврди, уште еднаш, колку се важни малите членови на големата заедница на НОВА. Тие, кои завршуваат со градинката и зачекоруваат во новата фаза од образование, во прво одделение.  На овој ден, со пригодна  претстава, покажаа што научиле,  со настапот на учениците од 3 и 4-годишна возраст. Ова е, всушност прв пат, во текот на овие три години, оваа група ученици да имаат можност да настапат, па тоа  прави да се уште повозбудени. Но, музиката ја разби возбудата, преку  комбинација од музички настап на учениците од 3 и 4-годишна возраст , кои настапија заедно на песната Еј, Би, Си. Покажаа и дека научиле да танцуваат.  Танцуваа   прекрасните  ученици на 3-годишна возраст на песната „Здраво на сите“. Танцуваа и  учениците на 4-годишна возраст, со танцувачки настап на песната „8 Планети“, а и со танцувачка изведба на песната „Градинке, до видување“.  Возбуда, трема, игра, смеа. Така, Истражувачи, Сезнајковци, Мислители , Комуникатори , Принципиелни , Отворени , Грижливи ,Преземачи на ризик ,Урамнотежени , Склони на размислување,

Добре дојдовте во прво одделение!

СИТЕ ЕМИСИИ

КОГО ЌЕ „ГОЛТНЕ“ КРИЗАТА – НЕСНАОДЛИВИТЕ ИЛИ НЕЛИКВИДНИТЕ

Kризата e наше секојдневие. Финансиските проблеми на компаниите, поради кризата, стануваат сериозни, а многу од нив се на работ на опстанок.

Влијанијата, за ваквите состојби, доаѓаат од повеќе страни, пандемијата, енергетската криза, руско-украинската војна, кои ја подгреваат инфлацијата, а таа се рефлектира на  намалената куповна моќ на граѓаните.

И сето ова влијае на работењето на компаниите.

Ова не е само состојба која владее кај нас, светот го „живее“ истиот кошмар.

Се наметнува  размислувањето, дали компаниите вистински се борат, за да се справат со овие состојби и каква е бизнис климата, колку имаат простор за оваа борба?

Во вакви тешки услови за работа, клучно е да се преземаат мудри, издржани и правилни чекори. Доколку постојат дилеми кај менаџмнтот, според консултантите, подобро да побараат совети од стручни лица, отколку да носат самостојно несигурни, ризични и избрзани одлуки. Со вакви одлуки, во ваков амбиент на водење бизнис, дополнително ќе предизвикаат проблеми во компанијата.

Кај нас, и по сите совети од бизнис консултанти, сепак, најголем дел од менаџерите се потпираат на сопствените ставови и одлуки во водењето бизнис, сметајќи дека најдобро си ја знаат фирмата и некој однадвор не може да им кажува или помага.

Погрешно или не, тоа најмногу сами ќе проценат, но она што повеќе функционира на нашите простори е девизата – „снајди се, па живеј“, која сега во време на криза и најмногу важи, повеќе од порано, па секој со своите вештини, колку знае и може, успева да се снаоѓа. Затоа, прашање е кој ќе опстои, дали тие компании што не умеат добро да се снаоѓаат во новите околности или неликвидните компани, што подразбира дека не се снашле добро и дошле во состојба на неликвидност.

Но, колку нашите менаџери се подготвени да се снаоѓаат, за да издржат вакви кризи, кои се надоврзуваат една на друга, пандемиската, на енергетската, а таа заедно со последиците од воената?

И тоа, се во нашиот амбиент на водење бизнис и опстојување на стопанството.

Дали опстојувањето на компаниите е само во способноста и умешноста на менаџерите или одговорност има и државата и таа носи дел од неснаоѓањето на многу компании и сектори.

И, дали „држи“ муабетот и „извлекувањето“ на државата, дека сега е криза?

Да, сега е криза и околностите се поинакви за водење бизнис, но ако останатите работи функционираат, ако амбиентот за водење бизнис бил создаден со добра поставеност и функционалност на институции, организации, ефикасност на администрација исл. тогаш, се чини ударите врз бизнисите ќе биле помали, ризиците исто така, и стопанството ќе ги поднесе полесно ударите од ваквата криза, зошто ќе се справува само со кризата или кризите, а не и со сите овие нешта кај нас. Едноставно, ќе има друга појдовна позиција во борбата со кризата. Сега, е многу потешко да го прават тоа.

Бидејќи, со што попрво да се справуваат, со кризите или со неефикасноста и   условите за водење бизнис.

Во вакви услови, и со сите искуства, дипломи, едукации, менаџирања исл., веројатно  тешко може некој да се избори и да биде успешен, снаодлив, ликвиден.

Компаниите од многу сектори реагираат, бараат поддршка од државата.

Но, колку може да се потпираат на таа поддршка?

Во моментот, имаат можност за пристап до финансии, преку институциите, кредити, јавни повици, за фирми, земјоделки исл.

Колку тоа ќе ја држи кондицијата на компаниите?

Можеби не доволно, но добро е, барем ќе ги смири малку и ќе влее надеж за продолжување со работа. Зошто, во вакви околности, многу сопственици на бизниси размислуваат и за затворање.

И, по сите напори, програми мерки исл. зарем треба да се дозволи, да се промени овој курс и да се оди во обратна насока, со намалување на бројот на фирми и работници.

Затоа, поддршката мора да постои и тоа во разни облици, не само во кредити и сл. туку и преку законски решенија кои ќе ги подобрат условите за работа на стопанството и ќе создадат поповолна бизнис клима. Клима на сигурност дека работите се поставени добро од страна на државата, а останува компанијата да се бори за развој, иновации, инвестиции, освојување на нови пазари, воведување на високи технологии исл.. Во ваков амбиент, на исклучително тешки услови за работа поради кризата, борбата да се справат со сите закони, процедури, фискални давачки, неажурни институции, нејаснотии во многу законски решенија исл.нелојалната конкуренција, сивата економија, за компаниите ќе значи поголем колапс.

Одредени сектори, трпат огромни загуби.

Податоците  потврдуваат  дека кризата „голтнала“ многу компании. Имено, во првиот квартал од  годинава згаснале 3.920 компании, покажуваат податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк., додека минатата година бројот на згаснати компании изнесувал 6.995 фирми. Згаснатите фирми се во  секторите трговија, преработувачка индустрија, објекти за смесување, градежни компании, компании во дејноста транспорт и складирање. Од податоците, пак, на Централниот регистар од минатата година,  може да се забележи дека во 2020 година по сите основи биле избришани 6.214 фирми.

Затоа, не е секогаш до умешноста, способноста, наученото, во бизнисот. Кога ќе се создаде поволен амбиент за стопанството, тогаш да ги „мериме“ неснаодливите и неликвидните.

 

М-р Марија Георгиевска
Уредник и водител на емисијата за бизнис и економија ПРОФИТ

LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
gohost.mk