Ало Будење
 

Ало будење е контактно-информативна емисија која обработува и третира актуелни теми од урбаното живеење во нашата држава, но и lifestyle теми интересни за гледачите.

Во неа, гледачите можат да поставуваат прашања на гостите во студио и да дебатираат на одредена тема.

Исто така, тие ќе имаат можност, преку водителот, да ги разбудат и изненадат своите блиски, да им го честитаат роденденот, празникот или некој друг позитивен настан.

Автори и водители на оваа емисија се Илија Николовски и Виктор Петров – Викса, а составен дел на оваа емисија се и однапред подготвените прилози, снимени надвор од студиото, на најразлични теми интересни за гледачите.

Емисијата се емитува во два термина, утрински, од понеделник до сабота со почеток во 06:46 часот и вечерен термин, во сабота и недела со почеток во 23:00 часот.

Илија Николовски ги води утринските изданија на емисијата во понеделник, вторник, среда и сабота, додека за Викса се резервирани дневните термини во четврток и петок, како и вечерните изданија во текот на викендот.

Составен дел на емисијата е и рубриката „Растеме здраво“, посветена на растот, развојот и здравјето на децата и новороденчињата.

Оваа рубрика ќе се емитува во саботното издание на емисијата чиј водител е Илија Николовски.

Гости во оваа рубрика ќе бидат педијатри и неонатолози, нутриционисти и дерматолози, како и други експерти од областа на здравјето и негата на децата.

Рубриката ќе биде интерактивна.

Во неа, гледачите ќе можат да се јават во живо, да им постават прашања и да побараат совети од нашите гости.

Исто така, составен дел на оваа рубрика ќе бидат и прилозите снимени надвор од студиото, кои ќе ја зголемат динамиката на рубриката, ќе дадат вовед во темата и заедно со водителот ќе се обидат да испровоцираат реакција или одговор од страна на гостинот.

Во оваа рубрика ќе бидат претставени и производи кои се погодни за здравјето на децата.

 

 live streaming
 a
 nazulu