„Јади бурек“ со Јанко Илковски е емисија која постои веќе седум години и е една од најгледаните и најпопуларните емисии во македонскиот медиумски простор, со рејтинг и до 12%. „Јади бурек“ е информативно-контактна емисија во која граѓаните два часа можат слободно да дебатираат на дневно актуелни теми. Во емисијата гостуваат и значајни личности од политичкиот и јавниот живот во Република Македонија.
Се емитува секој работен ден со почеток од 22:25 часот.