НАШИ ДЕЦА е детска образовно-воспитна и забавна емисија чиј основен предмет на интерес се децата од предучилишна возраст. Целта на оваа емисија е преку едноставен речник на најмалите да им ги приближи нештата кои понатаму ќе ги очекуваат во светот на возрасните, да им ги приближи вистинските вредности, а истовремено да ги забавува и да им го негува љубопитниот дух. Очекувајте многу смеа, игра и забава!.