„Поаро“ е детективска серија базирана на делата на познатата англиска писателка Агата Кристи. Во 62 епизоди се раскажуваат авантурите на приватниот детектив со белгиско потекло Херкул Поаро, кој е одлично портретизиран од англискиот актер Дејвид Сушет.
Овој телевизиски проект е започнат уште во 1989 година и сè уште нема загубено од својата гледаност. Доказ за тоа се новите епизоди кои во Британија започнаа да се емитуваат од септември 2008 година, а наскоро ќе имате можност да ги следите ексклузивно на НАША ТВ.