Кодоши NEXT GENERATION е новиот ТВ проект на двајцата познати македонски актери Сашо Тасевски и Рубенс Муратовски. Неконвенционални и забавни како и секогаш, Сашо и Рубенс придружувани од камерата на терен ги ловат луѓето и компаниите кои го загадуваат градот, а во студиото коментираат на различни теми и со различни гости. Посебен куриозитет се и двете прекрасни танчерки чија задача е да го подигнат адреналинот во студиото..