СИТЕ СМЕ ИСТИ, СИТЕ СМЕ ЕВРОПСКИ

Под мотото „Сите сме исти, сите сме Европски, во просториите на Европски универзитет се одржа хуманитарен настан и работилница, на која зедоа учество многу дечиња со пречки во развојот, на кои друштво им правеа неколку познати личности од нашата естрада и хумани луѓе, Паралелно со работилницата, беа доделени и две стипендии за студирање на Европски универзитет. Настанот има за цел да ги поттикне сите општествено одговорни компании дека треба да им подадеме рака на лицата од сите ранливи категории и да им помогнеме да влезат во светот на знаењето, вклучувајќи ги во образовниот процес и лицата со попреченост, хендикепираните лица, лицата со ретки болести, како и штитениците на домовите за деца без родители. За овој настан, Европски универзитет – како една од најстарите приватни образовни институции, со 18 годишна успешна историја, формира тим од ентузијасти и хуманисти вработени при Европскиот Универзитет предводени од директорката на клиничкиот стоматолошки центар проф.др.Бојо Андрески – проф.др.Александра Андреска Саревска, кои специјално за работилницата дизајнираа рачно изработени кукли, кои денеска беа облечени и дообликувани од дечињата заедно со останатите присутни на настанот. На дечињата, нивните родители и на сите присутни топло добредојде им упати ген.директорка проф.др.Билјана Андреска Богдановска.

Настанот го поддржа и градоначалникот на Општина Центар г-дин Саша Богдановиќ, кој воедно и ја додели стипендијата на младата Вероника Љоровска – лице со хендикеп, која е идниот студент на факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет. Свој придонес и поддршка дадоа Ребека Јанковска Ристески од здружението „Дајте ни крила“, како и естрадните уметници Марјан Коцев, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски и гр.Тајфата… Водители беа харизматичните и талентирани Валентин и Спа.

СИТЕ ЕМИСИИ