ВИНСКА СТАТИСТИКА

Денес македонските винарии произведуваат 108.000 тони вино, кое е еднакво на 220 милиони литри, ставајќи ја земјата на 25-то место во светот по производство на вино. Првите три места во светот ги држат Франција, Шпанија и Италија. Официјалното домашно консумирање е нешто повеќе од 10 милиони литри. Со други зборови, 5% од македоснкото производство на вино се користат за домашно консумирање . Ова исто така дава увид во тоа колку винариите зависат од извозот.

Еден од проблемите со кој се соочуваат македонските извозници на вино е тоа што името Македонија е или непознато или не се поврзува со квалитетно вино. За извоз на наливно вино, ова и не е некаков проблем бидејќи тоа вино е предмет на законот “на најниска цена”. Но, за извозниците на квалитетно вино, ова претставува проблем. На светскиот пазар, кој е затрупан од производство на вино, би била огрома предност доколку потеклото на вино асоцира на квалитет, како што е случајот со Франција и Италија. Бидејќи со нас тоа не е случај, нашите вина постигнуваат многу ниска цена и продажба.

Уште еден проблем со кој се соочуваат македоснките винарии е фактот што земјата ќе мора годинава да ги укине даноците за увоз на вина. Ова значи дека македонските винарии ќе се соочат со зголемена странска конкуренција, која ќе може да ги продава своите вина за пониски цени. Поради ова, цените на многу од македонските вина ќе мора да се намалат, а според тоа и профитот на многу од винариите.

СИТЕ ЕМИСИИ