за ПРОЕКТОТ

„Зборуваме за времето кога мудреците, разбудени, почнале да се исправаат пред универзумот со вродено љубопитство и со спремноста да се дознае што повеќе и кога во светот во најголема мера само инстиктивните или биолошките потреби се развивале сами по себе како храна, преживување или прилагодување на временските и географски координати. Тие потреби инаку, се развиваат по автоматизам каде не е нужна нашата поддршка.
Но, затоа пак, мудреците биле исправени пред мноштво од непознаници, за кои имале страст и љубопитство да ги дознаат. И почнале од почеток.
Замислете како вселената ги лепи сите нешта, кои се суштински за нејзиниот безусловен ред и тоа според законот на атракција. Закон, кој е во суштината на вселенските работи. Слично привлекува слично е првиот импулс на соединувањето“– стои во генералната најава за проектот „За балансот“ напишана од неговиот автор – Искра Ефтимова

ЗА БАЛАНСОТ – е ТВ есеј, кој на јасен и суптилен начин, преку општите поими, го открива длабокиот свет на филозофската мисла. Со, навидум, едноставен и питок пристап навлегува во суштината на нештата и тера на сериозно размислување и суштинско разбирање на светот околу нас.

ЗА БАЛАНСОТ одново ги открива БОИ-те, ЗВУЦИ-те, СОНИШТА-та, ОДЛУКИ-те, ОГЛЕДАЛА-та… контемплира над ЗЕМЈА-та, ОГАН-от, ВОДА-та, ЗБОР-от, ВОЗДУХ-от … ги приближува и освестува вредностите на ХАРМОНИЈА-та, ФОРМА-та, БРОЈ-от, ВРЕМЕ-то, ЕНЕРГИЈА-та…ги распостила внатрешните есенцијални карактеристики на КАМЕН-от, ИГРА-та, МИР-от, ЉУБОВ-та, ВЕРА-та, НАДЕЖ-та, ОДЛУКА-та, ОДГОВОРНОСТ-та….

Овој безвремен проект е од оние, кои се „послендиот допир“, „јаготката на шлагот“ на концептот што долги години го негува НАША ТВ – промоција на вистински вредности.

Кон проектот