од ГОГОВСКИ

Проектот ПРОФИТ го создадовме како дел од кампањата на НАША ТВ , “Македонското е супер! Македонското е квалитет! “

8 сезона по ред.
над 800 емисии!
над 3000 гости!

Замислете си што значат 3000 гости! Само да се слушнете со нив по 1 минута. А за една емисија се потребни некогаш и по 5 и по 10 гости. Со секој од нив треба да разговараш за концептот, да се усогласиш за термини за снимање, да се подготвиш со прашања, да донесеш добро расположение, да го охрабриш соговорникот кој можеби и првпат е пред камера, да направиш анализа, да прочиташ стотици книги за бизнис и економија, да ја анализираш секоја тема и секој бизнис посебно…
Секоја компанија е посебна бизнис приказна!

Нашата новинарка и водител, м-р Марија Георгиевска ја почитуваат бизнисмени, менаџери, банкари,професори, консултанти, стручни лица, млади стопанственици и искусни “ волци” во бизнисот…

Овој труд вреди!
Ова знаење на Марија вреди! Ова стекнато искуство на Марија вреди!
Добиените награди за Марија од бизнис секторот вредат!

Стотици километри и стотици компании!
Секој ден!
Во секоја фабрика!
Во секое производство!

И таму кај што се пече леб и таму кај што се лие челик.. И во сушара и во млекара..и на нива и во фармацевтски погон..

Сегде каде што има потенцијал!
Сегде каде што има можност за успех!
Сегде каде што сопствениците и менаџерите отвораат ново работно место!

Секој што отвора ново работно место за нас е ХЕРОЈ!

Такви се сопствениците и менаџерите на
“Витаминка”, “ Макс”,
“ Кожувчанка“, „Интереврогенекс”,” Адора“, „Јока“, „Бучен козјак“, „Бовин“, “Јого меркур” , “Л-Децибел”, “Галениус”, “Настел”, “ Адинг”, Комфи Ангел”, “ Европа” …и многу, многу други…

Столбови на македонската економија!
Нивната поддршка и тоа како значи!

Ристо Гоговски

Кон проектот