од ГОГОВСКИ

Со Зоран Михајлов соработуваме 10 години. Врвен професионалец! Македонска новинарска спортска легенда! Го сакаат и ценат сите спортски работници.

Проектот МАКЕДОНСКИ СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ  со досега снимени 180 емисии посветени на врвните македонски спортисти е ЕНЦИКЛОПЕДИЈА за македонскиот спорт. Тоа што Зоки го има како информација го нема ни на google. Неговото знаење, аналитичност , посветеност, жар и љубов кон професијата треба да им служи за пример на сите спортски новинари. Мината година ( во август 2017-та) на Светското првенство во Атлетика во Лондон доби врвно признание од Асоцијацијата на спортски новинари за посебни заслуги во атлетскиот спорт како коментатор и новинар на 10 Светски првенства во атлетика и на 15 Олимпијади!

Читај внимателно: 15 ОЛИМПИЈАДИ!

На НАША ТВ ги работеше преносите од Дијамантската лига во атлетика, Светскиот куп во скијање, Француското првенство во фудбал, Италијанскиот куп во фудбал, АТП турнирите во тенис, емисиите СПОРТ по СПОРТ и се уште го работи проектот Македонски спортски легенди.

Кога ке го прашам до кога ке го работиме проектот, секогаш насмеан одговара : Додека сум здрав и жив. На овој мој Зоки, секојдневно му се заблагодарувам и му се поклонувам 10 години што е дијамантот од круната на НАША ТВ!