од СОРАБОТНИЦИ

Дејан Недев, карате-шампиоn. Емисијата беше супер, направена профи. Вакво интервју досега не сум имал.. Се е опфатенмо, цела моја кариера. Благодарам и верувам дека и понатаму ќе соработуваме и ќе се среќaваме во спортските сали.

Шабан Трстена, олимписки шампион во борење: Со Зоран Михајлов ме врзуваат најубавите спомени од мојата кариера.Тој често беше и сведок на моите настапи а тогаш кога ми беше најтешко секогаш беше покрај мене.Мислам дека и тој има големи заслуги за моите спортски успеси ,исто како што имаа селекторот и другите тренери. Во знак на благодарност во 2018 година му доделив олимписки Оскар лично од мене,како благодарност за се она што има направено за моја афирмација.

Дарко Панчев, фудбалска легенда: Зоран Михајлов беше генерален секретар на ФК Вардар, кога во 1982 годдина го потпишав првиот договор за стипендирање со клубот. Потоа,тој ме следеше во текот на мојата кариера. Сними и емисија за легендите, во која и пошироката спортска јавност ја виде и златната копачка што ми беше доделена од француски Л Екип како најдобар европски стрелец во 1991 година. Мило ми е што и во моментов  Зоран Михајлов подготвува книга посветена на мојот живот и кариера.

Владимир Богоевски, одбојкарска легенда: Емисијата посветена на Македонските спортски легенди е од непроценливо значење за македонската спортска историја.  неа се опфатени асовите,кои испишаа убави страници и на некој начин влегоа во антологијата на нашиот спорт.Зоран Михајлов,како новинар со најмногу Олимпијади даде голем придонес и за афирмацијата на олимпиското движење.

Д-р. Васил Тупурковски, претседател на Македонскиот олимписко комитет: Зоран Михајлов и со својата книга „Спортски стории“,како и со емисијата посветена на Македонските спортски легенди, ја збогати нашата спортска историографија.Верувам дека тој и понатаму ќе биде афирматор на спортот и посебно на олимпиското движење,зашто неговото искуство е од големо значење за сите  нас кои што сме инволвирани во спортот.

Аце Русевски, боксерски шампион: Кога бев во најголемиот подем како боксер,  Зоран Михајлов постојано беше покрај мене.Тој во најтешките моменти знаеше да ме смири и со совети да ме подготви за следните настапи. Го чувствував како родител а нема да заборавам кога сите ме убедуваа да  не настапам во олимпиското полуфинале против Американецот Дејвис во Монтреал 1976, зашто тој беше  многу опасен боксер, оран беше тој што ми ја даде најголемата поддршка и сила и ми се чини, иако загубив со 3:2 на поени, го одбопксував мојот најдобар меч на аматерскиот ринг.Тој ме следеше и ги снимаше моите први профи борби во Париз на почетокот од 80-сеттите години на минатиот век.