од ГОГОВСКИ

Рубенс Муаровски сите го паметат како најголемата детска звезда на нашето време…

Јас не го знам од тоа време.

Мене ми е другар.  Денес. Ми беше другар и пред 30 години.. И за сите овие 30 години ми е другар.

Просто не ми се верува дека не успеавме да се скараме ни еднаш во овие 30 години…

Се разбираме… Се знаме…

Како маж и жена…Не до толку…Ама…

Секогаш е тука за мене. ..За се сме спремни да разговараме..И за ова …и за она….И за  се да се смееме..

И двајцате сме смешни..секој на свој начин. Често не ги паметам сите глупости..

Мислам дека Рубенс ги памети моите….И ме прераскажува…

 

Многу сакам да го прошетам Ливерпул со Рубенс заедно..

Фанатик на БИТЛСИ..На Ливерпул…Тоа нема кој не го знае за Рубенс.

Јас сум така опседнат со мојот точак….И со..

Секој со својата болест..Страст….

Сепак ..И двајцата сме нормални. Додека не побудалиме.

 

Колку е патетично да пишуваш за другар.  Кога ке го видам утре, ке го бацам.

Кон проектот