за ПРОЕКТОТ

Секој може да се потруди да работи се’ што може. И да биде најдобар во тоа што го знае. Колку малку ни треба да бидеме добри? Добри за себе, добри за другите, добри кон другите? Добри во тоа што го работиме. Добри во односот кон другите.

Кога последен пат сте му помогнале на комшијата да сработите некоја заедничка работа? Во колку професии сте се обиделе да бидете успешни? Дали ги паметите само парите кои сте ги заработиле минатата година или ги паметите добрите дела, кои другите ги направиле за Вас?

Колку добри дела сте направиле за непознати луге? Колку ги почитувате другите професии, или мислите дека само Вашата е најдобра? Дали спортистите се Вашите херои, или лекарите се Вашите херои? Јас сакам да ги запознаам сите. Со нивните способности. Да се запознаат со нивната добрина како луѓе. Како да бидеме подобри кон другите? Со почит? ДА! Со големо ДА.

За оваа година зацртав да запознаам сто (100) различни професии и да ја работам нивната работа. Да видам како се пече нивниот леб. Слободно јавете се. Пробав како готвач да направам пица. Можам. Пробав како автомеханичар да сменам гума. Можам. Пробав да создадам музика. Можам. Пробав да и’гo исчистам станот на една непозната девојка. Перев, чистев, џогирав. Можам. Пробав да и’ го исчистам живеалиштето на жирафата. Можам. Пробав да работам во железарија. Можам. Туристички водич? Можам. Тренер по АИКИДО. Можам. Келнер? Можам. Да продавам полиси за осигурување? Можам. Дистрибуер на млечни производи? Можам. Знатете дека знам да местам ламинат? Знам и тоа како! Бев со пожарникарите и видов пожртвуваност и храброст. Бесценето искуство !

Ке пробам да работам уште стотина професии. Вие сте сигурно подобри професионалци од мене во Вашата основна професија, како што сум јас добар во својата основна професија – како актер. Но, јас ќе се обидам да останам добар. Добар човек. Еден од Вас. Јавете се, ќе се запознаваме со секоја професија и ќе работиме заедно! – Рубенс Муратовски

Кон проектот