ПИЈАНО ФОРТЕ 10 ГОДИШНИНА

Училиштето за музика и други уметности „Пијано форте“ од Скопје во својата децениска работа стана синоним за квалитет, успех и музички таленти.Затоа, имаат голем повод и да слават, да ја крунисаат својата успешна работа, преку која покажале дека музиката може да биде причина, на едно место да се спојат многу млади љубители на музицирањето и да дозволат на квалитетните професори да ги воведат во светот на музиката, за да можат со текот на годините комплетно да го освојат и да стигнат до многу настапи, фестивали, натпревари и заслужени награди.
Тивко и гласно, или двата збора piano и forte, како еден синоним за убавата мелодија што ја испушта пијаното, под прстите на пијанистот,како еден од најпрепознатливите и најпопуларните инструменти во светот, инспирација за многу дела и незаборавни мелодии. Инспирација и за многу ученици на училиштето, кое од 20 на почетокот, достигнува бројка на 200 ученици кои поминале и учеле, од 15 врвни професори, колку што имало низ годините.Училиште кое докажа дека е на врвот по програмите за работа, квалитетот на завршните концерти на учениците, со многу гостувања, концерти, од секаков тип, учество на хуманитарни манифестации, настапи во чест на дипломати,до концерти, фестивали за пијано, на домашната и странска сцена, од каде се закитуваат со вредни награди.
Гордост и инспирација за сите кои поминале и кои се дел од ова училиште денес.

СИТЕ КОНЦЕРТИ