АРДА МУСТАФАОГЛУ

Од плејадата успешни детски музички имиња, може да се слушне прекрасна музичка содржина. Избор на репертоар, кој плени по своето мајсторство од овие млади уметници. Со својата виртуозност, тие гордо ги нижат музичките ноти, изведувајќи ги големите музички имиња на класиците и сите други вредни композиторски имиња, создавајќи музика за уживање. Кога се слуша нивното музицирање, може само да се посака вечно да се остане на нивното музичко доживување, како на еден вистински празник, на сите сетила. Еден од нив и младиот талентиран пијанист Арда Мустафаоглу, кој плени со својата прецизност, музичка елеганција и виртуозност, свирејќи ги сонатите и етидите на Скарлати, Скрјабин, Хајдн…Не случајно и избор, во овој музички серијал, од концерти со деца, кои свират класична музика. Не случајно и програмски избор, зошто вреди да се слушне, како што тоа и публиката го прави во преполните сали каде што музицира овој млад уметник, гостувајќи насекаде во светот.затоа и публиката знае да го награди со громогласен аплауз за сите негови прекрасни изведби.
Толку мал, а толку голем по своето музичко мајсторство.

СИТЕ КОНЦЕРТИ