за ПРОЕКТОТ

Виртуозност на телото, танц со сопствен речник, кој ги пренесува емоциите и пораките на музиката, отелотворени преку телото. Балетски изведби кои навраќаат во ренесансата а со возвишените кореографии, преку мимики, глума, акробатски движења и одбрана музика. Единствени сценски доживувања за сите сетила, особено кога се пренесени преку младите уметници.
Овој проект, е единствен и уникатен, зошто го содржи она што има да го претстави подмладокот на Балетскиот оддел од Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ Скопје, предводени од повеќе класи на професори. Преку низа изведби низ годините, на основци и средношколци, а изведени на нивните годишни концерти, како и патроните празници на училиштето низ годините.Како најава на она што ќе следува понатаму, во нивните балетски кариери, на домашната и светска сцена.
Фрагменти на повеќе музички дела на класичната музика, преку ритамот и танцот на телото, на „Оревокршачка“ од П.И.Чајковски, Варијации, Бајадера, Ситна лиса, Париз во пламен, Есмералда, Блесоци, Симфонија на цвеќето од Ж.Бизе, Дон Кихот, Фараоновата ќерка, Пахита, идр.
Секако, со задолжителна сценска изведба, достојна за почит и на она што е ново и современо во танцот, на младите и надежни балетани и балерини.
Од најмладите, кои се вљубиле во балетот а така вешто ја прифатиле улогата на оваа уметност, до оние кои веќе чекорат кон сериозно изградените балетски фигури. Големината на балетската уметност е она што ја одржало толку многу векови, што ги негува убавите балетски дела, но што дала и инспирација на овие млади балетски уметници, да се вљубат во неа и да ги продолжат овие дела и во денешницата, но и во иднина. Танц што останува глобално да се разбира, бидејќи се одвива на единствен балетски јазик.
За балетот се потребни години на обучување за да се научи и владее, и многу пракса за да се задржи знаењето. Затоа е посебен.
Затоа, инспирација да се пренесе на гледачите, оваа мајсторска игра на младите балетски уметници, со виртуозност и по движење и по сцена.
Нека биде инспирација и да се погледне.

Кон проектот