за ПРОЕКТОТ

Серијал од импозантни музички доживувања на македонските изведувачи. Секој од нив, уникатeн сам по себе, по стил, изведба, енергија. Внимателно одбрани , обработени и „спакувани во телевизиски проекти, за да останат засекогаш.Зарем треба посебно да се пишува и најавува нашиот Зафир Хаџиманов? Неговите песни сами за себе зборуваат и за него и големината на неговиот музички опус и вечните и вонвременски „Како Вардар ќе дотечам“, „Љуби ме и главата горе“, „Земи момче Македонче“, кои не може а да не се потпевнуваат а секако се дел од неговиот јубилеен концерт за збогум.
Проектот „ЖЛУСТ“ заедно со Македонската филхармонија дава посебно задоволство и уживање за љубителите на класичната музика, добро одмерени и отсвирени, за да го задоволат и најистенчениот музички слух.Хорските изведби на „Рустико“, по повод одбележувањето на 70-годишниот јубилејна доајенот на музичкото творештво, македонскиот композитор Ристо Аврамовски, најплодниот македонски музички творец, чии дела допираат преку диригентската уникатност на Запро Запров.
Концертот на Бендот „Флека“ дава едно поразлично музичко доживување, музичкалекција од една друга генерација, но повторно од наши домашни музички творци, млади и перспективни.Десет годишнаа творечка театарска музика на Горан Трајковски – Готра , сублимирана во проектот „На светов убавина“, со музика која и дава сила на секоја театарска сцена и на секоја претстава каде се изведени имате можност да ја уживате низ фантастичниот концерт изведен во Македонскиот народен театар.
Посебно уживање имаме и за оние кои сакаат да слушнат класична музика, но во едно поинакво издание, во спој со нашите познати народни изворни песни, изведени под диригентската палка на Борјан Цанев, режисерот Дејан Пројковски а во несекојдневна изведба на оперската двојка, Игор и Ана Дурловски. Со достојна почит и за џезот, а по повод 30 Април – Меѓународниот ден на џезот, зошто денес се е џез. Кога се мисли на денешниот џез, секако за Вас го имаме концертот на Тони Китановски Трио.
Сите овие музички доживувања, како предизвик за избор на сите префинети вкусови. СУВО ЗЛАТО од нашата музичка архива.

Кон проектот