ВАСКО ТАШКОВСКИ

Академик Васко Ташковски е роден во 1937 во село Нижополе, Битола. Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел , цртежи и графика а се занимава и со наменска сценографија за театар, ТВ и филмски проекти, како и сценографии за разни манифестации. Академик Васко Ташковски дипломира на Академијата за применета уметност во Белград, 1964 година. Има реализирано 50 самостојни изложби а учесник е на повеќе групни и тематски изложби во Македонија. Добитник е на 17 награди и признанија. За неговото творештво се снимени 8 телевизски филмови.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ