ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ

Владимир Георгиевски е еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници  роден во Скопје, на 1 јуни 1942, упокоен во родниот град на 25 мај 2017 година.

По  матуририрањето  во Училиштето за примена уметност во Скопје во 1963 година, ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде дипломирал во 1968 година.

Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогаш Дом на млади ’25 мај’). ​

Меѓу 1980 и 2012 бил  професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектруа во Скопје.

Една деценија во 1990тите, предавал и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил  професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.

Во творештвото на Владимир Георгиевски, човекот и неговата судбина се постојана тема, естетска провокација и креативна преокупација. Георгиевски поминал низ неколку фази на уметничко изразување, секогаш успешно сочувувајќи ја нагласената оригиналност.

Неговите дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа.

Хронологија на изложби: 1977 Белград во Галерија Моша Пијаде, 1977 Скопје во Музеј на современа уметност , 1978 Скопје во Центар за култура,  1980 Белград во Галерија при Коларчев Народен Универзитет, 1983 Скопје во  Национална галерија Даут Пашин Амам, 1989 Скопје во Национална галерија Даут Пашин Амам, 1991 Скопје во Национална галерија Даут Пашин Амам, 1991 Виена во Die Kleine Galerie, 1995 Скопје во  Музеј на град Скопје, 1995 Истанбул во  Центар Меркез,  1997 Скопје во  Национална галерија Даут Пашин Амам, 1997 Белград во  Галерија Моша Пијаде, 2000 Охрид во  Галерија Икона, 2002 Скопје во Македонска Академија на науки и уметности, 2003 Скопје во Национална и универзитетска библиотека ‘Климент Охридски’, 2003 Охрид во Галерија Уранија, 2003 Истанбул во Универзитет Мимар Синан, 2004 Рим во  Министерство за надворешни работи, 2005 Киев во  Универзитетска библиотека, 2010 Санкт Петерсбург во Меморијален музеј на Ф. М. Достоевски, 2010 Софија во Галерија Шипка 6, 2011 Скопје во Музеј на град Скопје, 2013 Скопје во Издавачка куќа Матица, 2014 Скопје во Галерија Ел Греко, 2016 Скопје во  Музеј на град Скопје и 2023 Скопје во  Музеј на град Скопје.

Хронолигија на награди: 1975 – Стериина награда за најдобра сценографија на Фестивалот Стериино позорје, за претставата “Јане Задрогаз” Белград.

 1991 – Награда за најдобра сценографија, за претставата ‘Крвави свадби’ на Театарот “Пралипе” (Theater an der Rhur, Северна Рајна Вестфалија, Германија).

 1992 – Награда за најдобра сценографија на Македонскиот театарски фестивал ‘Војдан Чернодрински’, за претставата ‘Стари фотографии’.

 1995 – Награда за најдобра сценографија на Македонскиот театарски феситвал ‘Војдан Чернодрински’ за претставата ‘Розенкранц и Гилденстерн се мртви’.

 2012 – Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински” – награда за животно остварување во полето на театарот.

 2014 – ОСТЕН – Награда за животно остварување во сферата на уметноста.

 2014 – Влада на Република Македонија, Државна награда “23 октомври” за животно остварување во полето на културта и уметноста.

2017 – Факултет за аудио-визуелни уметности Скопје, Р. Македонија – Doctor Honoris Causa.

 

 

СИТЕ ИЗЛОЖБИ