КУЛТУРО – Димитар Кондовски

Димитар Кондовски е бард на македонската ликовна уметност. Во неговото творештво е практично проткаен културниот идентитет на современиот македонски ликовен израз. Доминантната мелодија на неговите дела се карактеризира од една страна со духовно-естетскиот и пластичен репертоар на средновековната уметност, а од друга со разни облици на нонфигуративна и асоцијативна уметност. Кога се набљудуваат неговите дела, се добива впечаток како да се гледа во некои сакрални трансцедентни објекти, бидејќи истите од нас изнудуваат обземувачко внимание.

Во оваа епизода на емисијата КУЛТУРО ви го пренесуваме екстатичното доживување што се добива од неговата неодамнешна постхумна и ретроспективна изложба во галеријата Даут Пашин Амам. На изложбата беа изложени дела кои дословно го прикажуваат секој период до неговото творештво и за кои може да се каже дека претставуваат кулминација на неговата творечка енергија во различни периоди.

Делото на Димитар Кондовски не останало незабележано, тој е добитник е на наградата 11 Октомври во 1964 година, за сликарство, Наградата 13 Ноември на Град Скопје во 1970, Наградата за сликарство Prix National на Меѓународниот фестивал на уметноста во Кан сир Мер, во 1974 година во Франција, Наградата Климент Охридски во 1987 година, бил добитник и на многу други награди и признанија.

СИТЕ ЕМИСИИ