БЛАЖЕ КОНЕСКИ- ИКОНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИЧЕН ИДЕНТИТЕТ

КУЛТУРО ФОРУМ- ЛОРЕТА ГЕОРГИЕВСКА ЈАКОВЛЕВА, ВЕРА СТОЈЧЕВСКА АНТИЌ И ЉУДМИЛ СПАСОВ

Блаже Конески – икона на македонскиот јазичен идентитет

Блаже Конески големиот креативен научник – славист ги направи најголемите чекори за македонскиот литературен јазик и поезија и еден од најблескавите личности, со кој станавме препознатливи во светот, но дали ние соодветно го почитуваме и вреднуваме, ќе дебатираме со професорката Вера Стојчевска – Антиќ, историчарка на книжевноста и добитник на значајни национални и меѓународни награди, универзитетскиот професор Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик и
Лорета Георгиевска Јаковлева професор и научен соработник во Институтот за македонска литература.

Колку великанот на македонската научна мисла и литература, втемелувач и кодификатор на македонскиот јазик, генијалниот поет, Блаже Конески денеска е централна фигура на македонската култура?

 

СИТЕ ЕМИСИИ