ПУСТИНАТА САФАРИ ВО ДУБАИ

ПУСТИНСКО САФАРИ
За мене целиот живот е АВАНТУРА!
Авантурите се интересни, забавни, незаборавни и најчесто најдобрите фотографии и видеа се скоро секогаш додека испробуваме некоја нова возбудувачка активност…

Но многу често цената е тоа што не спречува да имаме феноменален ден, бидејќи голем дел од АВАНТУРИТЕ знаат да бидат и прилично СКАПИ. Но сепак има некои одлични работи кои можете да ги искусите без премногу да платите, една од нив е дефинитивно ПУСТИНСКОТО САФАРИ СО ЏИП ВО ДУБАИ.

Добредојдовте во ДУБАИ
Кога туристите одат во Дубаи, најчесто завршуваат во бројните туристички центри или се восхитуваат на модерните градби, но во околината на Дубаи има можност и за восхитување на моќта на природата и за вистинска пустинска авантура…

Но најпрвин како да ја резервирате најдобрата тура за вас?
Пустинското Сафари е многу популарно во Арапскиот Свет, но цените за 3 часовна авантура можат да достигнат и до 150 долари по лице…

www.desertsafaridubai.com/
Постојат 10тици веб-сајтови коишто ви нудат огромни попусти:

Homepage

Home

Цените знаат да варираат во зависност од сезоната, во Дубаи има две сезони, топло и потопло, од крајот на Ноември па се до Февруари, Март е топло и цените се повисоки, додека во летните месеци од Мај до Септември цените се значително пониски, но температурите значително повисоки. Ние бевме во Март и резервиравме приватна кола. Тоа што е најдобро во резервирањето на приватна кола е што вие само ја давате вашата локација во Дубаи и колата доаѓа по вас за да ве земе и на крајот на возбудливиот ден повторно ве враќа на истата локација.

Ние направивме одличен избор со ДУБАИ ЕВЕНИНГ САФАРИ за специјална цена од само 105 дирхами или отприлика 1400 денари по личност за 4 часовно Пустинско Сафари.

АДРЕНАЛИНСКО ПУСТИНСКО САФАРИ

Чуството беше неверојатно и мислам дека малку почнав да му љубоморам на нашиот шофер, Пакистанецот Аднан, бидејќи ова го искусува секој ден… Но самошто кажав дека ја има најдобрата работа, Марфи нема да е Марфи ако веднаш не го урочив…

…и во наредните 20тина минути не му бев толку љубоморен.

Ахемд ни објасни дека гумата искочила поради вчерашниот обилен дожд, но како викаат во се може да се најде и позитивна работа, па така ја искористивме паузата за една ПУСТИНСКА ФОТОСЕСИЈА.

Некои луѓе прават се за добар кадар, па така мистериозно – тој ден беше пријавено исчезнувањето на мојата пријателка од Србија, Мина.

Додека ние напорно работевме за да имаме добри фотографии, полека но сигурно нашиот домаќин го подготви повторно џипот…. …и продолживме со можам слободно да кажам најдоброто возење во мојот живот…

АРАПСКА ВЕЧЕР
СОВРШЕН КРАЈ НА СОВРШЕН ДЕН
Вклучено во турата е и можноста за јавање на камили, и можноста за правење на едни од најубавите фотографии на зајдисонце…

Можеби и најубавиот дел на пустинското сафари е тоа што од кога рели возењето и јавањето на камили ќе завршат, скоро сите компании ја обезбедуваат и можноста да имате вклучено во вашиот пакет и традиционална арапска вечера, каде храната е обезбедена од нивна страна, вие само си доплаќате за пијалок ако сте жедни… а посебно арапскиот пустински шмек е зачинет со ориентален стомачен танц…

ЗАКЛУЧОК: Дефинитивно, доколку го посетите Дубаи ви ја препорачувам оваа феноменална авантура за многу достапна цена, и преку ова адреналинско искуство ќе запознаете едно поинакво, ретко прикажано лице на Арапите.

ПУСТИНСКО САФАРИ
ПРЕВОЗ = 0 ДЕН
ТУРА = 1430 ден
СКРИЕНИ ТРОШОЦИ = 0 ден
ВКУПНО = само 1430ден