ФЕСТИВАЛИ ОКОЛУ СВЕТОТ

Секоја култура е различна на свој уникатен начин и секоја култура низ историјата ги прикажувала своите уникатности на повеќе начини но главно преку фестивали. Во оваа фестивалска епизода ќе видиме како христијаните од Балтикот ги одбележуваат своите традиции преку еден настан во Талин, Естонија, каде младите танцуваат и пејат стари песни и танци. Во Тахити ќе присуствуваме на преубав фестивал за кој намерно нема повеќе да ви откријам за да ве оставам во неизвесност… Во Нов Зеланд ќе научиме за различни креативни занаети, во Норвешка ќе се запознаеме со нивната храна и пијалоци на фестивал во Трондхајм. Целата епизода е интересна но најинтересниот дел за мене лично се најлудите карневали на кои сум присуствувал во Рио и Салвадор во Бразил. Разиграни луѓе, убава музика, насмевки, насилство но и многу среќа. Ќе ве однесам таму каде што не одат камерите, на улиците, по гетата, таму каде што се најлудите забави и каде што мојата мала камера беше ендиствениот медиум и сите позитивно ме прифатија..Или можеби не?…. Придружете ми се и ќе видите 🙂

СИТЕ ЕМИСИИ