САБИНА АЈРУЛА – ТОЗИЈА

Иако е често во Турција со работни нагажмани , како дел од катерската екипа на најпознатите турски серии, со македонската актерка Сабина Ајрула Тозија разговаравме за вкусовите на Италија .

Кога ќе се каже италијанска кујна, таа се сведува на зеленчук , пасти и риба и тоа е главното јадење.
Италијаните се познати по тоа што во секое јадење, пијат чаша вино. А интересно е и тоа што кога јадат риба пијат и црвено вино. Но тоа е работа на вкус.

Сабина ни раскажа за вкусот на фантастично вино во Пијемонте, каде што се италијанските лозја и каде што се произведуваат најубавите вина .
Во Пескара првпат јадела шпагети „ал денте“.

Од неа дознавме повеќе за навиките на италијанците и нивниот стил на живот.

Но и Зоран имаше што да раскаже и да и понуди вкусови од одлична храна и голтка божество од нашите најубави македонски вина од винаријата БОВИН.

СИТЕ ЕМИСИИ