ТИГРИ И СЛОНОВИ ВО ТАЈЛАНД

Добредојдовте во Тајланд
За наредната интересна авантура ќе ве однесам во Пукет во Тајланд. Ние пристигнавме со брод, но без разлика и да дојдете со авион секогаш и секаде ве чекаат бројни туристички понуди…

Во Тајланд сите се научени на пазарење и за нив е дури и чудно ако не се пазарите, а што е најбитно секогаш можете значително да ја спуштите почетната цена. Но мојата филозофија на патување е да се штеди пред се на скапите места, додека некогаш свесно ја плаќам целата цена па и повеќе, бидејќи на тој начин доаѓам до пољубезен водич…

TIGER KINGDOM или Кралството на Тигрите

Превозот во Тајланд е прилично ефтин во споредба со други држави. Доколку сте веќе во Тајланд има многу ефтини авио-компании како НОК-АИР, ТХАИ ЛИОН АИР кои за само 20тина, 30тина долари ќе ве однесат од еден до друг дел на Тајланд. А додека патувате немојте да се изненадите доколку видите разбирливи знаци и на кирилица, во Тајланд има огромен број на туристи од Русија, па се имаат прилично добро прилагодено…

После 30 минутно возење, во коешто навистина уживав бидејќи покрај убавите глетки научив и некој збор на локалниот Тхаи дијалект, пристигнавме во Кралството на Тигрите…

Во Кралството на Тигрите имаат многу понуди, сликање со големите тигри е 1300ден, со мал тигар е 1450, додека сликање со бебенце е нешто над 1600денари. Ако сакате и со голем и со бебиња, тогаш е над 2700денари. Доколку пак сте спремни за целосно искуство со сите тигри и дополнително професионален фотограф само за вас, тогаш треба да бидете спремни и за цена над 6.000денари. Јас се решив само за сликање со најголемите ТИГРИ.

Пред да ја започнете турата, задолжителен е потпишувањето на изјавата дека ја презимате целокупната одговорност доколку ви се случи нешто, и дека сте предупредени дека фотографирањето со Тигар може да биде опасно искуство со тешки последици. Сепак статистиката кажува дека сме безбедни, бидејќи во бројните Центри за Тигри во целиот Тајланд има само 10тина регистрирани напади во последниве 10тина години. Но да се вратам јас на фотографирањето со Тигрите, ние одбравме фотографирање со Најголемите тигри за 1300 денари.

За безбедноста беше задолжен локалецот инструктор кој малку се подбиваше бидејќи јас бев подисплашен…

Инструкторот ми објасни дека во Тајланд има многу центри за Тигри и дека најчесто тигрите се тренирани и се сликаат со туристи до нивната 4та година и дека подоцна ги носат во посебни зони каде можат на послободен начин да живеат во пензија.


Не сум многу по селфиња, но овој пат имав огромна благодарност што ја имам честа да се фотографирам со вакви моќни суштества, но и голема тага зошто не се слободни во нивната џунгла

Искрено сега кога ги гледам видеата и фотографиите, малку ми е и жал за ова искуство, бидејќи кога бев во Тајланд сепак не бев свесен дека најголемиот дел од тигрите сепак биле на силни дроги за да бидат толку смирени…

Сепак доколку сте во Тајланд јас би ви препорачал да се запознаете и со животинскиот Свет кој е целосно поинаков од тоа на што ние сме навикнати во Европа и на Балканот. А исто така ви препорачувам да пробате од преубавите локални кокоси…

ЦЕНА НА АВАНТУРАТА – ФОТОГРАФИРАЊЕ СО ТИГРИ:
ПРЕВОЗ = 600 ДЕН
СЛИКАЊЕ со ТИГАРИ = 1500ден
КОКОС и КАФЕ ПАУЗА = 300ден