од СОРАБОТНИЦИ

Дамјан Чингарски
Аикидо мајстор

Помагачот не’ посети на еден од нашите аикодо тренинзи. Немав гледано некоја од неговите претходни емисии и не знаев каков е концептот, но идејата, а потоа и реализацијата, ме воодушеви. Освежување во секој поглед! Природно, непосредно и најважно од се со акцент на личниот однос, ова “шоу” е повеќе од проста забава. Примерот, кој е повеќеслоен, е пример што несомнено ќе допре до нас!


Мирјана Китановска
Воспитувач во Детска Градинка

Посетата на г-динот Муратовски во нашата градинка , во улога на помагач – воспитувач беше незаборавно искуство како за него, така за нас учителките, а особено за децата.

Оваа целодневна посета ги потврди клучните вредности кои се очекуваат од децата на оваа возраст. – самодоверба и компетентност во интеракциите со возрасните, позитивна емоционална состојба, љубопитност и интерес, иницијативност, интерес кон читање на книги , високо развиена еколошка свест итн. Оваа спонтана средба беше само потврда дека и авторот на оваа емисија и ние како градинка сме докажани чинители во нивните области на делување и работење.

Кон проектот