ФИНИ НЕШТА

Сигурно ја знаете приказната за Пикасо. Во периодот на најголемата слава Пикасо израбитил и неколку логоа за производи.
Дошол кај него човек кој имал фабрика за производство на супа. Заштитен знак му бил ПЕТЕЛОТ. Од Пикасо побарал да му изработи лого. Петел.
Пикасо му рекол дојди за неколку месеци.
Човекот дошол во ателјето на Пикасо после неколку месеци. Му се претставил и го известил дека доаѓа по ” неговото” лого.
Реакцијата на Пикасо била, едвај те преппзнавам, на ова човекот малку се зачудил.
Пикасо зел лист хартија и го запрашал човекот- рековте, петел?
– Да, петел.
Пикасо ” начкрапал” неколку линии кои наликувале на петел. И му го дал листот.
– Еве ви…
Човекот бил шокиран, колку немарно го направил тоа Пикасо. Дури се побунил
– Чекајте, како толку брзо, само со еден потег направивте неколку линии и сакате веднап да ми го продадете ова како лого- Петел???
Тогаш Пикасо го однел во една од просториите во неговата куќа. Ја отворил вратата и непостоело во просторијата место каде што не било исцртано најразлични петли.
За да стигне до тој еден потег… Требало да го помине цел тој пат…
Тоа се тие фини нешта кои мора да ги имаме некаде назад, зад нашата шминка, зад таа наша социјална маска.

СИТЕ ЕМИСИИ