за ПРОЕКТОТ

Марјан Горгиевски има 15 милиони прегледи на you tube!

Што друго да додадам….; )

МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – LIVE е уште еден проект на НАША ТВ, кој во својата основа е уникатен, не само на нашиве медиумски простори.

МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – LIVE е документарно играна серија на кабартскиот жанр, многу популарен во светот, стенд ап комедија. Овој специфичен начин на анимирање, односно засмејување на клубската публика, преку еден актер, комичар, кој „импровизира“ на отворена сцена, своја сценаристички, сценографски и визуелно спакувана форма, добива во ТВ форматот на стенд ап комедијата – МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – LIVE на НАША ТВ.
Поточно, МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – LIVE е документарно играна серија, во која се прикажани, авантурите, предизвиците и сите згоди и незгоди, кои му се случуваат на актерот, стендап комичарот, Марјан Ѓорѓиевски. Погледнуваме во неговиот, личен, социјален и професионален живот. Го следиме целиот пат “зад камерата” до крајната цел (пишување материјали за стендап комедија, создавање на претстави, борбата за живот и снаоѓањето за да се преживее во македонската реалност). Ќе имате шанса да погледнете во позадината на: реалниот живот на Марјан, без цензура и како и во брутално смешните сплетки, кои го очекуваат. За повеќе, следете гo на НАША ТВ.

Жестокиот и харизматичен актер Марјан Ѓорѓиевски ќе ве насмее до солзи со неговото МАРЈАН ЃОРЃИЕВСКИ – LIVE шоу. Следејќи го концептот за STAND UP комедија Марјан Ѓорѓиевски, навистина успешно создава еден „нов“ жанр – стенд ап риалити шоу. Секојдневните ситуации и проблеми, преку динамичен сет ап, ги прикажува од еден поинаков агол, што предизвикува бурна смеа кај гледачите, посочувајќи им дека секоја ситуација во животот содржи комични елементи и дека смеата е составен дел на животот.

Кон проектот