за ПРОЕКТОТ

PHOTO BACK STAGE е проект на фото и видео сесиии во кој се сублимирани најразлични настани, во најголемиот дел фото сесии.
Преку проектот се презентирани различни ревии, модели, фото сесии за презентација на производи, проекти и компании.

Фотомоделите, дел од нив сега едни од најуспешните, позираат со модели од познати модни куќи кои можат да се најдат на нашиот пазар. Дел од проектот се и различни маркетиншки кампањи а проектот е и алатка за маркетинг презентација на проектите. Локациите на кои се снимаат 10 минутните видео емисии се различни, меѓу кои и природните атракции на Македонија како што се: Охридско езеро, Смоларски водопад, Матка, Маврово, Кокино, Крушево, Берово, Св.Јован Бигорски, Св.Наум, Мариово и др.

Фотограф на проектот е Елена Бојаџиева, денес професор на Факултетот за Филмски уметности, отсек фотографија, на ЕФТТА , Универзитетот за аудио визуелни уметности.

Кон проектот