од ГЛЕДАЧИ

Коментар гледач:

И додека растевте , ги учевте првите букви ,првите чекори , учевте да додавате топката , се боревте со трема и срам од првиот јавен настап , додека пеевте и танцувавте кој беше до вас ? Кој  ви ја даваше првата шанса да го откриете вашиот потенцијал и интерес ?Кој ве мотивираше и ви беше инспирација и подршка на сите ? Знам дека сите се сеќавате на учителките , наставниците , на основното училиште ! За жал иако секогаш ве подржуваме и ве посочуваме како квалитет и даваме препораки да ве следат децата секогаш ги подзаборавате и исклучувате најважните луѓе , луѓе што од вас направиле ЛУЃЕ.  Со таков однос и почит сме таму каде што не треба да стоиме.Учителствувањето е љубов и љубовта се раѓа и шири од прв ден кога стапнуваме во училиштето .Продолжете со успех но секогаш имајте на ум дека втората мајка и вториот дом ги отвориле сите прозорци и врати во животот ! Среќно и понатаму ќе ве следиме и ќе ве препорачуваме на најмилите !

Учител – најблагородна професија

 

 

Коментар гледач:

Браво за овој проект : ) Мене ме инспириравте за нова фризура : ) Сега имам бушава глава со косата, а бушавилото под неа во умот нема да го коментирам , бидејќи е субјективно, нели? Задачата на “медиумот” е да се труди објективната вистина да ја донесе пред тв екраните! Затоа е моето браво и со желба да опстанете и бидете куллтуролошки феномен ве поздравувам и поддржувам. Само трудете се да дадете се од себе за да бидете најдобрата верзија на себе си ( како медиум , се разбира) и ќе не имате како ваши гледачи. Напред и бидете отпорни на критика, ќе напредувате побрзо и поквалитетно

Кон проектот