Ова е ТВ проект кој нуди нов, алтернативен пристап во продукцијата на информативна програма во македонскиот етер. Станува збор за информативна емисија во различна должина во зависност од типот на настанот кој се релазира и то овие теми е а во траење од 10 минути до 90 минути, кои обработуваат позитивни настани и личности од нашиот град и државата. Посебен акцент е ставен на темите поврзани со успесите на поединци, институции и компании во области како што е спортот, науката, бизнис, уметноста, културата. Многу често во рамките на овој проект се емитуваат снимки и преноси од научни конференции и настани поврзани со институциите од образованието ( факултети, универзитети, основни и средни училишта) . Позитивниот пристап на темите кои се обработуваат и истражувачкиот и научен сегмент е предизвик за НАША ТВ за да ги поддржи овој тип на настани.
КАЖИ И НАПРАВИ НЕШТО ДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА е еден од првите проекти на НАША ТВ кој функционира повеке од 11 години.