ФОН УНИВЕРЗИТЕТ I SWISS UMET со ДВОЈНИ ДИПЛОМИ

Универзитетот ФОН и SWISS UMEF Универзитетот од Женева, Швајцарија потпишаа договор за издавање на двојни дипломи. Меморандумот го потпишаа Генералниот менаџер на Универзитетот ФОН , м-р Сефер Цаноски и претставникот на SWISS UMEF Универзитетот од Женева, проф. д-р Џавед Сангдел, во присуство на ректорот на Универзитетот ФОН, проф д-р Нано Ружин и деканите на факултетите за Економски науки, проф. д-р Никола Поповски и за Правни и политички науки , проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски.

Според менаџментот на ФОН, SWISS UMEF Универзитетот ќе им обезбеди на студентите од Северна Македонија да студираат по локални цени со македонска школарина и да се здобијат со квалитетно образование и швајцарска диплома, која несомнено ќе им овозможи голема можност за вработување по завршувањето на студиите. Студентите  имаат можност да студираат во прв, втор и трет циклус студии, со македонска школарина, по исти услови и во државава и во Женева, а ќе добијат, двојни дипломи.

СИТЕ ЕМИСИИ