КОГА ВИНОТО И НЕПЦАТА КЕ СЕ СРЕТНАТ

Од полиците во продавниците визуелни пораки ни испраќааат шарени и елегантни етикети, а дури подоцна кога ќе ги приближиме на десетина сантиметри од носот не информираат за виното кое го купуваме. Цената е исто така филтер за нашиот вкус, но не и гаранција за она што сакаме да го вкусиме. Меѓутоа содржината во шишето исто така може непријатно да не изненади и да се разликува од галантноста и свежината на винската етикета. Затоа верувајте му на сопственото непце, за да добиете веродостоен суд за виното, што му одговара на вашето расположение и вашиот вкус.
Сепак ова не едноставна работа. Виното бара подготвеност за да ги отворите своите сетила и да направите дегустативен експеримент, за да го пронајдете она што вам ви причинува задоволство. Дегустацијата не значи прекумерно пиење, туку пробување. Тоа е сензибилен впечаток за сето она што природата ви го нуди од виното. Не мора да бидете професионален дегустатор или сомелиер за да можете да го добиете ова доживување во целост. Доволно е да сте љубител на вино и да сакате да се забавувате, за да направите мала лична дегустација при секоја средба со чашка вино. За ваша уживање и забава придржувајте се на некои од следниве правила.

1. Избирајте соодветни вински чаши од проѕирно стакло. По можност со столче, за да не се држи чашата директно. Како пример за вулгаризација на начините за пиење вино се примерите кога во кригла за пиво се пие на пример шестгодишно „Мерло“, или примерот кога се користи чаша за сок за да се направи шприцер од „Шардоне“

2. Пред дегустацијата на вино немојте да пиете жесток алкохол, да пушите многу цигари, или непосредно да ги миете забите со интензивна паста. Кај оние кои претходно го направиле тоа, рецепторите на јазикот и непцето станале понеприемчиви за дразби. Ако веќе сте го направиле тоа, земете парче обичен леб и неколку голтки вода за да го неутрализирате вкусот во устата.

3. Првиот впечаток од виното е визуелен. Подигнете ја чашата до висина на очите и гледајте ја бојата и бистрината на виното. Затоа за дегустација се користат проѕирни чаши. Белите вина треба да имаат нијанси од зелено–жолта, сламена, па сè до боја на старо злато. Како стареат, потемнуваат и добиваат медова нијанса. Црвените вина можат да бидат со боја на црвена цигла, ружа, па сè до длабоко пурпурни бои на трула вишна. Како стареаат добиваат жолт, па портокалов прстен, сè до кафеав сјај.

4. Вториот впечаток зависи од повеќе фактори. Почувствувајте ги првичните мириси во виното. Потоа нежно занишајте ја чашата со фини спирални движења на дланката, без да го истурите виното од неа. Така виното ќе прими кислород и ќе ги отвори аромите. Гледајте како виното се разлева по ѕидовите на чашата. Густите и вината со повеќе алкохол оставаат подебели траги на самата чаша.
5. Помирисајте го виното по втор пат. Ставете го носот над чашата. Испуштете го воздухот од белите дробови, а потоа полека влечете воздух преку носот до крај. Мирисите ќе ги чувствувате еден по еден. Квалитетните вина имаат комплексни мириси, но овие својства на виното вашиот мозок ќе ги препознава како веќе познатите овошни мириси. Белите вина имаат мириси на диња, ананас, банана, круша, праска, а црвените на слива, боровница, капина, вишна. Доколку виното е чувано во дрвено дабово буре ќе почувствувате мирис на ванила, цимет или кедар. А, ако бурето е ново ќе осетите помеќу другите и мирис на чад.

6. Проголтајте го виното полека и почувствувајте како се слева по хранопроводот. На почеток ќе имате чувство на топлина, но и вкус на препечен леб, земја или багремов цвет. Тука се чувствува структурата и густината на винското тело. Колку е подолг финишот, толку е посериозно виното. Тело е израз за способноста на виното да исполни висок степен од сензибилноста на рецепторите во устата. Тука е и впечатокот за балансот и хармонијата на сите компоненти во виното.
Во пракса по неколку дена во вашата меморија ќе остане сеќавањето на она вино, кое вам најмногу ви одговара и ви се допаѓа, кое нема да ве пијани, туку ќе ве опушти и ќе ви разбуди фино чувство на задоволство. Пијте го тоа што го сакате, но во умерена доза, бидејќи е тоа само за вас и вашето расположение.

7. Земете голтка вино, но не ја голтајте. Само вртете ја во предниот дел на устата по јазикот и непцето. Различни делови на јазикот се осетливи на различни вкусови. Повеќето луѓе само го голтаат виното без да го осетат неговиот вкус, така се чувствува само алкохолот или киселините во него. Затоа задржете ја голтката неколку секунди и поврзете ја со мирисите, што предходно сте ги почувствувале. Вкусот треба да го следи мирисот на виното, а киселините да ја надополнат свежината на пијалокот. Вкусот полека се развива, кај белите вина, од овошен вкус се добива впечаток на карамел, мед или јаткасто овошје, а кај црвените, минерален вкус, или на џем, крем, сè до вкус на чоколадо. Посебно во овој дел е важна перцепцијата на танините кај црните вина, што можат да бидат меки или да го пецкаат јазикот.

СИТЕ ЕМИСИИ