ОПОЈНОСТ

Навечер по напорната работа и секојдневните возбудувања, виното делува релаксирачки на човечкиот организам. Тоа едноставно го воздигнува духот на човекот за еден степен повисоко, разбудувајќи чувство за сите вредности кои го збогатуваат животот, како естетиката, музиката, природните убавини, и секако наклонетоста кон спротивниот пол.
Виното конзумирано во умерени количини му дава елан на духот и ја зајакнува уметничката креативност. Секој оној, кој по напорната работа наога опуШтање во умереното конзумирање на вино, создава дистанца во однос на грижите кои ги носи се-којдневието.

Виното едноставно му овозможува на човекот да сфати дека проблемите и грижите, често се предимензионирани и му помага нив да ги согледа во вистинското све-тло, што придонесува следниот ден да го започне посмирено, со повеќе мудрост и само-увереност.
Од едно интелигентно дружење со виното се постигнува природна благосостојба, која помага поуспешно да се излезе на крај со ризиците на секојдневниот живот. Зарем ова не претставува еден вид на психотерапија?

Хипократ многу одамна ја обвини меланхолијата или црното расположение како основна причина за бројни заболувања. Според тоа поради благотворното делување на нервниот систем, особено по емоционален шок или сериозна болест, конзумирано во умерени количини, виното може да делува како бова која е секогаш погодна човекот за неа да се фати. Виното ја поттикнува фантазијата, интелигенцијата и креативноста.
Мит или легенда, нему му се припишуваат и лековити својства, а во стариот свет било сметано за афродизијак. За виното често може да се каже дека е многу повеќе од алкохолен пијалок.

СИТЕ ЕМИСИИ