ВИНСКА ЕТИКЕТА

Винските етикети на шишето се визуелен маркетиншки трик, но и главен информатор за виното што се содржи во него. Главно се многу елегантни, артистички и складно дизајнирани, но содржината на текстот сепак треба да се знае да се протумачи. Може да ги има како: главна (на предната страна), информативна (позадина), горна, а може да биде и прикачена одделно на вратот од шишето. Секоја етикета зависно од земјата од која доаѓа ги содржи сите информации за виното што се продава. Информациите на етикетата главно зависат од квалитетот на виното. Колку е побогата содржината, толку е поквалитетно виното. Така сосема едноставните вина, имаат и едноставни етикети на кој стои: името на производителот, бојата на виното, годината на производство, процентот на алкохол, запремнината на шишето, земјата на производство и назнака за квалитетот на виното.
За секој повисок степен на квалитет одат повеќе информации кои првенствено се однесуваат на производителот, категоријата на вино, контролата, сорта на грозје, заштитно име на виното, заштитен знак на виното, винородно подрачје, степенот на алкохол, количината на непревриен шеќер, волумен, годината на берба и земјата на производителот. Доколку вината со географско потекло одлежале во дабови буриња имаат ознака Барик (Barrique), а ако подолго одлежале во цистерна имаат ознака Куве (Cuvee), на вината од органско производство стои ознака Еко (Есо) .

Има вина од микрорегиони или од поедини острови, што на етикетата се означени како такви, додека вината од ограничени серии изнесуваат податоци за бројот на запечатени шишиња. Доколку бербата е касна или од одбрано грозје стои и таков податок. Необавезни се информациите за серијата, бојата, начинот на производство, блендот од кои сорти е доколку виното е мешавина, награди и признанија. Сите тие мора да се наоѓаат на главната етикета, освен годината на производство, којашто може да се наоѓа на вратната, односно на горната етикета. Визуелната креација на етикетата е најчесто прашање на вкусот или уметнички впечаток со избор на бои и дизајни, илустрации и фотографии од галантен тип. Во Македонија посебен акцент на овај дел се обрнува во Бовин, Сковин и Тиквеш. Со национална едноставност и универзални пораки се етикети на Бовин кои се прилагодени за извоз во 35 земји во светот. Некои винарии имаат етикети со тривијална или скарадна содржина, со цел да привлечат внимание. Етикетите од специјалните едиции и пенливите вина се слични, но драстично се поелегантно дизајнирани од оние на мирните вина. Често се организираат изложби на оваа тема на големите вински собири.
Баналната класификација за вино на етикетата препознава три категории: мирно (конвенционално), пенливо (шампањско) и специјално или десертно (порто, шери, прошек). Според бојата се делат на: бело, црвено, розе и портокалово (килибарно) вино.
Според количината на непревриен шеќер ги делиме на: суви (слаб процент на шеќер до 4 грама на литар), полусуви (до 12 грама на литар), полуслатки (до 50 грама на литар) и слатки вина (над 50 грама на литар).

Секоја држава има сопствена законска регулатива, правилник, специфични ознаки и терминологија. Еве некои од нив:
Шпанија – Vino de mesa;
– Столно вино со означено потекло: Франција – Vin de pays, Италија – IGT, Шпанија – Vino dela tierra;
Квалитетно -вино со контролирано географско потекло: Франција – AC – Apppellation controlee, Италија – DOC –- Столно вино: Франција – Vin de table, Италија – Vino di tavola,
Denominazione di Origine Controllata, Шпанија – DO – Denominacion de Origen;
– Врвно вино: Франција – VDQS, Италија – DOCG, Шпанија – DOCa, Португалија – IPR, Германија – QmP.
Некои ознаки се специфични само за одредени земји, како што се: Bin – австралиска ознака за ограничена серија, Classico, Classico Superior – италијанска ознака за најдобриот дел од реколтата, Cru, Grand Cru – француска ознака за вино од најдобра регија, Reserva, Gran Reserva – шпанско црно одлежано вино, Riserva – италијанска ознака за одлежани вина.
При купување на вино, сепак одлучува личниот афинитет. Вообичаено евтиното вино е со слаб квалитет. Скапото главно е поквалитетно вино, но не секогаш ја оправдува цената. Затоа добро читајте ги етикетите, пред да се одлучите кое вино ќе го купите, сепак буквите ги измислиле многу паметни луѓе.

СИТЕ ЕМИСИИ