ВИНСКИ РЕГИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Битолски регион

Битолското виногорие се наоѓа во Пелагониско-Полошкиот регион во Македонија. Овој вински регион го карактеризираат високи температурни разлики. Највисоките температури изнесуваат до 41.2 степени, а минималните до -30.4 степени.
Просечна количина на дождови е околу 602 мм на метар квадратен и изобилува со долги сончеви периоди.
Најзастапени црвени вински сорти во овој регион се: Cabernet Sauvignon, Gamay, Merlot, Pinot Noir, Prokupec и Vranec. Од белите сорти најзастапени се: Riesling, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Žilavka и Smederevka.

Вински регион Тиквеш
Винскиот регион Тиквеш е составен дел на Повардарскиот вински регион, кој се наоѓа во централниот дел на Македонија. Познат по своето вештачко езеро и градовите Кавадарци и Неготино,Тиквеш е центарот на македонската производство на вино кое се произведува повеќе од 120 години. На плодната рамнина од околу 2.000 квадратни километри сместен во централна Македонија, Тиквеш лозјето се наога на благо брановидни ридови во просек од 300 метри надморска височина. Климата се карактеризира со долги топли лета и благи и врнежливи зими, со просек од 460 мм врнежи годишно.
Надморска височина на Тиквешките виногради се движи помеѓу 110 и 650 метри. Реката Вардар со нејзините притоки и другите реки ја пресекува долината на нејзин западен и источнен дел. Овие два дела се многу различни по релјефот, климата, површинските води, квалитет на почвата, флората и фауната. Источниот дел на долината е сув и ретко населен, додека западниот дел е плоден и густо населен. Оваа област исто така богата е со шуми, минерали, пасишта, лозја и овоштарници.
Тука најзастапени видови вина се Кратошија, BURGUNDEC, CABERNET SAUVIGNON, MERLOТ, а од белите вина: Смедеревка, CHARDONEY, MUSCAT OTONEL, Траминец .

Кичевското виногорие
Кичевското виногорие се наоѓа во Пелагониско-Полошкиот регион во Македонија. Овој вински регион го карактеризираат високи температурни разлики. Највисоките температури изнесуваат до 40.5 степени, додека минималните до -23.6 степени.
Просечна количина на дождови е околу 802 мм на метар квадратен и изобилува со сончеви периоди.
Најзастапени црвени вински сорти во овој регион се: Cabernet Sauvignon, Gamay( Гамај ) , Merlot, Pinot Noir, Prokupec и Vranec. Од белите сорти најзастапени се: Riesling, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Žilavka и Smederevka.

Кочансkо-Виничкото виногорие
Кочанско-Виничкото виногорие се наоѓа во централниот регион на Македонија – Вардарска долина каде се произведува 85% од вкупното производство на вино во Македонија. Кочанско-Виничкото виногорие ги опфаќа градовите Пробиштип, Кочани и Виница. Овој вински регион кон запад изобилува со ниски превои и котлини, а на југозапад ги опфашќаподрачјата околу текот на реката Брегалница кои се изложен на медитеранска клима, додека речните корита на реките Кочанска, Зрновска и Осојница се сечат со планинските масиви кои пак овозможуваат влијание на планинска клима.
Најголемиот дел на насади на винови лози се наоѓаат на брановидна земја со благи наклони, додека помал дел се наоѓа на бреговити и стрмни терени со просечна надморска висина од 300 -500 метри.
Најзастапени црвени вински сорти во овој регион се: Vranec, Merlot, Cabernet Sauvignon, Stanušina, Pinot Noir и Kadarka. Од белите сорти застапени се: Chardonnay, Belan, Muscat, Riesling, Sauvignon Blanc, Smederavka, Muscat Ottonel, Temjanka и Žilavka.

Вински региони
Според климатските карактеристики и класификација на ЕУ, Република Македонија се смета како III-C-b зона за одгледување винова лоза и ги усвои енолошките правила кои се однеусваат на оваа зона. Основна карактеристика на оваа зона е дека вината може да имаат ацидификација, но не да се збогатуваат, што кореспондира со законодавство и сегашна пракса на производство на вино во земјата. Во Македонија постои еден лозарски реон, кој географски може да се подели во три региони:
1) Вардарска долина, односно во Централниот регион (поранешен Повардарски лозарски реон) – опфаќа околу 83% од вкупното производство,
2) Западен регион (поранешен Пелагониско-Полошкиот лозарски реон) – опфаќа 13% од производството и
3) Источниот регион (поранешен Пчињско-Осоговски лозарски реон), – опфаќа околу 4% од вкупното производство.

Трите региони се поделени во 16 под-региони (виногорја) кои се карактеризираат со Најголемото производство на винско грозје и вино се одвива во Тиквешкиот регион. Тиквешијата ги опфаќа сите области погодни за култивација на винско грозје во општините Кавадарци, Неготино и Демир капија, како и делови од општините Прилеп и Велес. Климатските услови во регионот овозможуваат успешно одгледуванје на различни сорти винско грозје со сите фази на зреење на грозјето. Главни сорти што се одгледуваат во регионот се црвените Вранец, Мерлот, Каберне Совињон, Пинот Ноар, Кадарка, белите Шардоне, Белан, Мускат, Ризлинг, Совињон Бланк, Семилон, Смедеревка, Ркацетели, Мускат Отонел, Темјаника, Жилавка и розе Станушина.различни производствени услови и различен интензитет на производство.

СИТЕ ЕМИСИИ