ИГРА

Дали играта е една од загатките на светот, или светот е еден облик на игра?
Векот е дете, кое што си игра со камчиња. Играта е царство на детето.
Човекот игра само тогаш, кога, во вистинското значење на зборот, е ЧОВЕК.
Самата игра е врвот на творечкото постоење, врвот на слободата-размислувал филозофот Шилер.
Осудувана и неразбрана сериозно, во стара Грција и за голем дел од мислителите, играта представувава ослободување – слобода. Играта е копнеж за преобразување на светот, и низ игра и со голема помош на уметноста и играта, се согласуваат мислителите Ниче и Кјеркегор.
Играта без потреба за теоретизирање, е врвна слобода на децата, но и на возрасните.

Играта за возрасните, на прва, значи танцување.
Но, таа има подлабоки суштини.
Да играш низ животот е едно, си играш со животот е второто можно а, тѐ игра животот е третото значење, најлошо за нас, како слободни битија.

Ако играта ја доживуваме како децата, кои разиграно ѝ се препуштаат, без никакви очекувања, би ни било убаво и лесно.
Ако за игра која би можела да нѐ следи низ животот, избереме да бидеме лоши, бескрупулозни, несвесни, тогаш најверојатно ќе станеме неквалитетен производ на нашата имагинација.
Танците, историски гледано, се дел од општествените прилики, почнувајки од ритуалните танци за молби кон природата, преку свечени танци-балови за покажување на стаус, карневали-пагански танци за забава на обичните луѓе, до Олимписките игри во слава на телото и умот или до игрите во театарот…
Или балетот како танц со ветерот…
Мисловни игри како шахот или игра како таротот за претскажување на иднината.
Играта секогаш е релаксирана од било какви дневно-политички случки, односно, се игра само во мирнодопско време.
Според древното кинеско учење, целта на играта е светот да се одржува во баланс, како и да се насочи човековата природа кон љубов.
Значи, да му дозволиме на нашиот живот да танцува со нас, во баланс.

СИТЕ ЕМИСИИ