100 ГОДИНИ КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Рацин- именка и кратенка за сите Македонци. Ова се зборовите со кои Блаже Конески ја отслика големината и значењето на основоположникот на македонската поезија и литература.Тој со своите „Бели мугри“ ја преслика душата на Македонецот и го одбележа минатото столетие на македонската реалност. Неговата големина се гледа во неговата реч, која одѕвонува и денес, не само кај нас туку и во светот а така ќе остане засекогаш. За да се запамети, се реализираше проектот наречен „Филмски воз – 100 години Рацин“. На симболиченначин, преку патувањето во филмскиот воз, во кој преку стари слики, писма, прекупесна и седенка, се евоцираа спомени за Рацин а потоа со пристигнувањето во Велес се посети неговата родна куќа, за да се заокружат спомените. На крајот, чествувањето го заокружува инспиративен омаж во чест на поетот, за да го одбележи овој голем јубилеј. Креаторите на овој проект ќе речат, Рацин е една света фигура, во целиот духовен хоризонт, бидејќи бил посветен на една одисеја, на целокупната македонска меморија од антиката преку средниот век до денес и во неговата судбина се отсликуваат сите тие кодови на светската цивилизација. Репортажата е уште едно сведоштво за она што е Рацин за македонскиот дух и идентитет.

СИТЕ ЕМИСИИ