ХАМБУРГ

Хамбург, духот на Германија во целина. Втор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија. Хамбуршкото пристаниште е третото најголемо пристаниште во Европа. Градот е главно туристичко одредиште, како за домашните, така и за странските посетители. Во него се меша и скандинавскиот дух, по однесувањето на луѓето и религијата. Град со 2485 мостови, колку што имаат Венеција и Амстердам заедно. Град кој засекогаш останува заробен во срцето на секој посетител. Во низата од знаменитости во градот, за споменување е Градското собрание кое восхитува со својот неоренесансен стил, кое е најпосетуваното и најфотографираното место за сите посетители.
Во Репортажата за Хамбург, уште многу повеќе за овој историски град.

СИТЕ ЕМИСИИ