КРЕАТИВНОСТА КАЈ ДЕЦАТА

Ајнштајн еднаш кажал „Фантазијата е поважна од знаењето, знаењето е ограничено додека фантазијата го опфаќа целиот свет , поттикнувајќи напредок и генерирајки еволуција “.
Со фантазијата се рага детската креативност, генијалност и размислување .Креативноста кај децата е спонтана и нема крајна цел за некое одредено дело туку е сама по себе цел. Детската фантазија, љубопитност, спонтаност и потреба за откривање на светот се автентични. Предноста кај децата е недостатокот од искуство, тоа е едно од нивните креативни средства , затоа што не се оптеретени туку доживуваат , спремни се многу пати и истрајно да експериментираат и да го истражуваат светот околу себе.
Важно е децата да експериментираат, да поставуваат прашања, да кажуваат мислење, да ги откриваат своите идеи и да ги објаснуваат. Да се негува креативна атмосфера и да се охрабруваат, да пробаат нешто ново што не пробале никогаш порано , притоа да не се нагласува чија идеа е најдобра или која е или не и возможна идеја за да се реализира. .Најголем акцент треба да биде на процесот на осмислување на новата идеја а не на оценување на истата.
За поттикнување на креативноста важни се љубовта , поддршката, вниманието и топлата атмосфера од семејството што ја создават родителите и другите возрасни.

СИТЕ ЕМИСИИ