ВО ТЕАТАР

Освен театарската сцена има и едно друго место кое е нераскинлив дел од театарскиот живот. Тоа е бифето. Местото кое е романтичниот бункер на театарските сонувачи, засолнет во подрумот, заштитен од сите надворешни влијанија, се кршат копјата се случуваат наративни битки помеѓу театарџиите. Расправии за сеуште не создаден свет, за улоги, за живот кој се создава раѓајќи се од една идеја.
И уште еден простор, сопствен бункер- местото каде што го наоѓаш сопствениот мир или местото каде со цимерот разговараш за тоа кој колку тезги фатил периодов. И да, пред Нова Година и костимот од Дедо Мраз е вистински алат, па уште ако го зачиниш со фантазија,тогаш имаш дечиња кои после петнаесет години ќе велат- Нас Дедо Мраз- Марјан ни беше.

СИТЕ ЕМИСИИ