10 години Божиќни хорски свечености -БОЖИК СЛАВА

Музицирањето на хорот „Св. Злата Мегленска“, во вистинска смисла на зборот, стана хигиена на слухот. Посебно кога се работи за духовната музичка литература на православјето, која се претвори во беседа со духот – музика што возвишува и буди добрина.
Нивната интерпретација не е кокетирање со површните чувства, не е некаква хистерија на гордоста, иако воспева и слави. Не е тоа лесноверен пламен што ќе засветли и ќе угасне зад онаа врата. Тие кои вистински ќе и се препуштат добиваат имунитет од пороци, зашто хорската музика ја разбива лушпата на себичноста и луѓето ги премачкува со лечебна скрама. Особено денес, кога живееме брзо и бујно, и кога страдаме естрадно, јавно.

СИТЕ КОНЦЕРТИ